Search This Blog

Wednesday, January 24, 2007

МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ

Денеска RIBARO ми е инспирација еве и за вториот пост ... Имено на неговиот одличен пост “Покрај огнот“ ме испирираше да дадам ваков коментар:

“... Туку друго ми е зборот ... вие неколку талентирани пишувачи на добриот краток расказ да се организирате и да издадете книга ... да речеме “Македонски Блог Приказни“ ... мислам дека ке стане Македонски бестселер ... Па нема само Букаро да остане писател од толку многу талентирани блогери - пишувачи на одличен расказ ... :)

А мене како творец и иницијатор на идејата ке ми се потпишете сите со една посвета ... се разбира одкако ке си купам предходно книга ...

За почеток мислам дека е добро да се издаде вакво интернет издание - кое лесно би го организирале ... а ке се најдат и заинтересирани издавачи ...

Бидејки се сметам за творец на идејава јавно ги повикувам сите заинтересирани за овој проект наречен од мене “Македонски Блог Приказни“ - да се пријават на мојот блог или на мојот меил volanskopje@gmail.com . Значи се пријавувам за доброволен организатор на идниот македонски бесцелер “Македонски Блог Приказни“ ....

Осем кратки раскази МК Блогосферата изобилува и со многу добра поезија - во консултација со ВЕНЕРА - ке се договориме и за друг бесцелер “Македонска Блог Поезија“ ...

И еве упатувам јавна покана на Он.нет и Трендо да бидат спонзори на вакви две книги - барем на електронските изданија ...

Како додаток на идејава а со оглед на одличните “Колумни“ пишани по МК Блогосфера на разни теми инспирирани од секојдневните случувања во политичкиот и општествениот живот во МК - ја надополнувам идејата со трет наслов “Македонски Блог Колумни“ ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter