Search This Blog

Thursday, January 18, 2007

МАРА БУНЕВА

Последните неколку години поточно од 2002 година па навака - на 13 јануари – во Скопје имаме исто сценарио за одбележување на годишнината од смртта на Мара Бунева – Македонка од Тетово родена во 1902 година (према бутарската википедија) а према друг податок во 1901 година (Извор блогот на Женкарош) во семејството на мајката Ана Топоркова и таткото Никола Бунев. Таткои и бил школован човек – завршил основно училиште во Тетово и шест класа во Скопската педагошка гимназија .... Таткои повемено бил учител ... но главно се занимавал со трговија ... Бил околиски раководител на ВМРО – за да во времето на првата светска војна биде назначен за кмет.

Мара завршува основно образование и прогимназија во Тетово – и средно образование во Скопје ...

При крајот на првата светска војна Никола Бунев – со керката Мара заминува за Бугарија ...

Во друг сплет на околности, нејзиниот друг брат Василије Буневиќ ... заминува во Београд каде станува српски офицер (капетан) ...

По доаѓањето во Бугарија Мара живее со братот Борис – кој предходно доаѓа во Бугарија и е бугарски кавалирски офицер во Јамбол – за да покасно се пресели во Софија ... Бунева во Софија имала можност да научи да јава (спортски се занимавала со јавање) и да користи пиштол ...

Во Софија Мара Бунева се вклуичува во ВМРО – каде веќе бил член и нејзиниот брат Борис ... Самата таа се мажи за истотака кавалирски официр – другар на братот Борис ... со кого немаат деца и паѓа во криза на бракот ... Поради тааа криза и поради партиска задача се преселува во Тетово па потоа во Скопје каде се занимава со шнајдерај и како домашна помошнчка во побогатите фамилии по Скопје ...

За животниот пат во Скопје – сведоштво дава Спасе Шуплиновски – кој е нејзин братучед. Во написот во Дневник 18 март 2006Панихиди Вистината за атентаторката – Шуплиновски ке рече:

“... на 13 јануари 1928 година во Скопје, таа го уби српскиот полициски началник Велимир Прелиќ, кој ја откри бугарската разузнавачка мрежа Македонска младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), организирана во 1926 година официјално од ВМРО (Врховистичка), т.е. од бугарскиот пунктов полициски началник Иван - Ванчо Михајлов. Разузнавачкиот карактер на ММТРО го признава и Коста Црнушанов, еден од четворицата нејзини челници ("Петар" за Скопскиот округ). Во неа беа опфатени 190 луѓе, главно студенти, од кои 20 беа осудени со казна затвор, а повеќето во 1941 година станаа бугарски окупаторски функционери. Тие што не се најдоа в затвор, по атентатот беа ликвидирани по кратка постапка, како и други 300 Македонци убиени за одмазда во таа 1928 година.

Можеби одмаздата за атентатот немаше да биде толку жестока, ако три месеци не му претходеше друг, од исти нарачатели. На 5 октомври 1927 година во Штип беше убиен српскиот генерал Михајло Ковачевиќ. По налог на Иван-Ванчо Михајлов, него го убија Илија Лилинков, Ипокрит Развигоров и Благој Кралев. Тогаш српската војска и жандармерија се одмаздуваа врз селаните од источна Македонија со оружени акции и тивки ликвидирања на осомничени. Во тие години, по кабинетска одлука во Софија, беше извршен и неуспешен атентат врз началникот во Министерството за внатрешни работи во Белград, Животин - Жика Лазиќ.

Мара Бунева беше тетка на мојата баба Паља, ќерка на Милја Топоркова, и изворно сум чул нешто повеќе за неа. Таа е ќерка на Никола Бунев и Ана Топоркова од Тетово и имаше двајца браќа и три сестри. Братот Борис Бунев беше бугарски офицер (потполковник), а Василије Буневиќ српски офицер (капетан). На нивната прва средба, во Белград во 1942 година по зборовите "Васо, брате", Василије му ја тресна вратата на својот брат Борис со одговор: "Јас немам брат!" Мара Бунева во 1927 година живееше во семејството на мојата баба на сегашната улица "Ѓуро Ѓоновиќ" (ул. 39) бр. 38 на местото на зградата на Народната банка токму на средината спрема Вардар. Оттаму и излегла да го изврши атентатот. Таа по роднинска препорака стигнала да работи во домот на Валимир Прелиќ, каде што шиела завеси, кошули, постелнина и друго и станала не само домашна, туку и интимна пријателка со српскиот полициски началник. Оттука е и леснотијата со која му пришла и го убила, спроти пречекот на Стара нова година.

Неа, без елементи за идентификација, во повеќе наврати ја барала српската полиција. Биле правени блокади и претреси куќа по куќа на Маџир Маало и Ново Маало. Командантот на српската жандармерија Арнаудовиќ, во времето на тие блокади, доаѓал во куќата број 38 и таму пиел кафе со Мара Бунева. "Тука е негде, точно знаеме, имаме известие од Софија" - велел. Тој, исто како Велимир Прелиќ, и бил повеќе од пријател на Мара. Таа била убава 27-годишна жена, без никаков белег на лицето, како што некои кажуваат, и секогаш со кратка коса. Живеела во посебна соба на кат и се занимавала со шиење, одејќи по куќи кај богати граѓани. Омилена песна и била "Јорданка ми се љуљаше среде море на два кајака". Со себе секогаш носела кибритено кутивче во кое имало отров. Во една пригода и паднало кутивчето од балконот и таа по колена пребарувала, велејќи "да не го најдат децата". Тоа укажува на класичен пример на подготвен шпион и терорист. Револверот го чувала под душекот и на него беше утврден отпечаток од втиснување. Притаена, таа чекала наредба, а кога ја добила, со плачење излегла, рекла "можеби повеќе нема да се видиме", се завртела неколкупати со насолзени очи и заминала по кејот.

Од семејните кажувања и од кажувањата на нејзиниот брат Борис Бунев, за атентатот врз Велимир Прелиќ било одлучувано со влечење ждрепка. Му паднало на Борис Бунев да го изврши убиството, но Мара направила сестринска жртва - крвнина. Самата се нафатила да го спаси брата си со женски мотив: таа иако мажена (за бугарски офицер), не можела да има рожба и не гледала смисла во животот како нероткиња... Тврдела дека полесно од брата си ќе стигне до целта и, со својата женска податливост, навистина го сторила тоа. Освен крвнина за брата си, нема семејни сознанија за друго. Ако мотивот за атентатот беше ѕверства врз Македонци, нив ги правеше и нејзиниот маж во Пиринска Македонија, можеби попрво требаше него да го убие... Таа почина од отровот во кибритеното кутивче, а не од друго и е тајно погребана од полицијата во Скопје.

Мара Бунева и нејзините браќа Борис и Василије ја споделуваат судбината на Македонецот: каде што се нашле да се ангажираат и - да бидат изманипулирани за туѓи цели, да се откажува брат од брата и да гине сестра за брат. Во случајов, нејзиниот наредбодавец Иван-Ванчо Михајлов
. ....“


Бугарската Википедија во автобиографската статија ке каже за Мара Бунева:

“... Мара Бунева е родена во Тетово – северозападна Македонија. Завршила економска гимназија и посетува више образование во софискиот универзитет “Свети Климент Охридски - каде се мажи за бугарскиот офицер Иван Хранков.

Брат и Борис Бунев ја внесува во ВМРО ...

Мара Бунева е избрана да ја изврши смртната пресуда над Владимир Плелиќ – кој е обвинет од ВМРО дека ја разоткрива во 1927 година групата на студенти и млади луѓе (Скопски студентски процес ММТРО) кои во истрагата ги мачи и обвинува за Бугароманство ...

Мара Бунева на 13 Јаноари 1927 година на камениот мост го убива Владимир Плелиќ со три истрела од пиштол. Во гужвата бега по кејот и се самоубива со ипукување на куршум во градите близу до м
естото каде сега се одбележува поменот за Мара Бунева (на кеојт на Вардар кај хотел Холидеј ин) ...

Од куршумот Бунева не умира ... ја носат во болница каде дала исказ дека Прелиќ е убиен по задача на ВМРО на Михајлов како одмазда за откриената група .... Таа починува во болницата дугиот ден на 14 Јаноари 1927 година .... некои велат како последица од куршумот што сама си го испалила во градите а Шуплиновски твреди дека додатно го испила отровот кој стално го носела со себе во мало кутиче ...

Бугарската Википедија истакнува дека смртта на Бунева одекнува во светот како револт на србското поробување на Македонија и ја споредуваат со Шарлот Корде .

Според истиот напис на Бугарска Википедија по ослободувањето на Вардарска Македония на местото на самоубиството на Мара Бунева е поставен паметник за Мара Бунева ... По капитулацијата на бугарските војски во септември 1944 година по наредба на Лазар Колишевски плочата е одстранета ...

На 13 Јаноари 2002 година повторно е поставена спомен плоча на Мара Бунева ... која набргу е одстранета од непознат сторител ...

Вакво сценарио се повторува и во 2003 година ... 2005 година се бележи уште едно поставување на спмен плоча која стои до 16 Јаноари истата година ... 2006 година сценариото се повторува ....

Сценариото за 2007 година најдобро по мене го опишува блогот Зомбификација © во постот Насилство, расизам и ксенофобија! ...

1 comment:

Photo Volan said...

#

Секојпат кога нешто не ми е познато ... а имам желба да истражам и научам нешто ... уклучувам интернет и пробувам да ги видам сите извори ...

Написот е пишан на база на триесетина написи од интернет ... дел од нив веќе линкував а дел ке додадам во коментари за да го доразјаснам ликот на Бунева и политичките импликации околу нејзиниот лик ...

Ке Ви предочам и дел како нашата историографдија до сега ја третира Мара Бунева ...

За жал немам србски извори за случајот ...

По мене само споредувајки ги изворно сите написи од сите заинтересирани страни секој од нас може да се определи која и чива “вистина“ му е најблиска ....
(волан 18 Јануари, 2007 - 17:18 | избриши | измени | одговори)

#

Најпвин не ми е јасно зошто се прави панихида на 13 Јаноари а не на 14 јаноари - кога всушност Бунева умира во Скопската болница ...

Очито е дека се сака да се велича датум кога е херојски убиен Прелиќ - кој е олицитворение тука на србската окупација на “Бугарска Македонија“ ...
(волан 18 Јануари, 2007 - 17:27 | избриши | измени | одговори)

#

Иван Кантарџиев - познатиот Македонски Академик во написот на Дневник - Број 1752 сабота, 18 март 2006 ке рече:

“... Бунева е трагична личност изманипулирана од Ванчо Михајлов за извршување терористички цели и таа не треба да се слави,... која нанесува извесни штети на Македонскиот идентитет ... Мара Бунева не е ништо друго освен една несреќна личност што била изманипулирана од Ванчо Михајлов за извршување терористички задачи. ... Но, со убиството на генералот Ковачевиќ во Штип и со акцијата на Бунева сето тоа се запре,(првите форми на демократија и на самостојно изразување на македонскиот идентитет, како што е ВМРО Обединета) како што пропадна и иницијативата за воведување на македонски јазик во училиштата, што требаше да биде поставена пред Лигата на народите. Затоа Бунева не значи ништо, ниту нејзинот дело дало резулатат, но имало катастрофални последици за почеткот на демократијата и за македонскиот идентитет - објаснува Катарџиев. “

Во истиот напис се вели дека на панихидите на Мара Бунева од 2002 година па навака се сретнуваат исти личности - поранешниот министер за спорт и млади Ѓорѓи Боев, Ѓорѓи Наумов, претседател на Комисијата за односи со верските заедници, како и пратениците Александар Талевски и Крале Спанчевски. На првата панихида присаствува и Доста Димовска ...

Поголем дел од овие личности - се и основачи на здружението Ратко - кое со одлука на МК суд е забрането ...
(волан 18 Јануари, 2007 - 17:39 | избриши | измени | одговори)

#

Волан, еве сведоштва од Хаџи Ристиќ, прв братучед на Бунева. Нешто не ми се отвара. Пробај, во pdf формат е.Кажува дека се развела од мажот и, кој го запознала во 1 св. војна. Бугарски офицер.
http://212.72.210.65/sr-www/files/On-line/Rubin/Voved.pdf
(Spartak 18 Јануари, 2007 - 17:47 | избриши | одговори)

#

Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја - во интервјуто за Утрински- Број 775 понеделник, 16 октомври 2006, на прашањето

“... Неодамна беше одржана панихида за Мара Бунева и бесправно и беше подигната спомен-плоча. Што мислите за тоа Вие како историчар?...“

ќе рече:

“... самиот чин на Мара Бунева не е спорен. Големо дело е да се изврши атентат врз чиновник на окупаторски систем. Тоа кај македонскиот народ предизвикало задоволство затоа што е убиен човек кој бил синоним на системот што го тероризирал нашиот народ. Меѓутоа, чинот како чин е една работа, а што стои зад тој чин е друга работа. Дали Мара Бунева знаела што ќе се изроди од сето тоа и како ќе биде таа искористена е сосема нешто друго. Дали Иван Михајлов ја користел за свои цели можеби и е точно. Меѓутоа, бидејќи јас не го проучувам тој период, треба да се прашаат оние кои се посветени на истражувањата на тој дел од македонската историја и треба да им се верува на нивните искажувања. Затоа дали Мара Бунева или други вакви личности треба да се слават, треба последниот збор да си го каже историографијата и државата. Постојат институции кои дозволуваат поставување на спомен-обележја и тие треба да го одобрат тоа. Меѓутоа, по с? изгледа дека државата с? уште не сака да навлезе во овие работи. А дали зад атентатот стои Иван Михајлов? Ако стои, тогаш работата е многу јасна, бидејќи тој никогаш не кажал дека е Македонец. Никогаш не спомнал Македонци по етничка припадност, за него во Македонија живеат македонски Бугари. Сето ова ми наликува како да се враќаме во Софија меѓу двете светски војни, кога Македонците- имигранти во Бугарија меѓусебно се убиваа поделени по разни прашања. И денес како с? уште да ги чувствуваме тие последици и с? уште некои се делат на пробугари, просрби или... Треба да биде јасно дека Р. Македонија и македонската нација се реалност која никој не може да ја негира...“

На прашањето:

“... Но, тие не се чувствуваат Бугари и тврдат дека Македонците биле Бугари, одблежуваат годишнини само на спорни личности, а не револуционерни имиња кои се заслужни за македонското дело? ...“

ке рече:

“... Тоа е нивен проблем како ќе се чувствуваат. Меѓутоа, прашањето е дали нивните прослави треба да се забранат, дали некој тоа може да го забрани? Тие тоа и претходно го славеле, во нивните домови или на друго место, но сепак го славеле. Сега во една демократизирана Македонија тие можат да го слават тоа јавно. Работата е дали секој граѓанин на Македонија може да подигнува спомен-обележје без одобрение на државните институции. Ние имаме случаи каде што Албанците подигнаа споменик на Џемо во неговото село неколку години по осамостујувањето. Ако тргнеме по таа стихија дека секој може да слави што сака и да поставува споменици каде што сака и кога сака, тоа е анархија. Меѓутоа, политиката е сосема друга работа во овие настани. Треба да се разликува чинот од политиката. Ние можеме да зборуваме и за Валдо Черноземски, меѓутоа, тој е Бугарин. Тој го уби тогашниот југословенски крал по нарачка на Хрватите. Сигурно самиот атентат бил поздравен од сите поробени народи во Југославија. Но, исто така, тој ги убива и Димо Хаџи Димов, Томалевски и др. ...“
(волан 18 Јануари, 2007 - 17:49 | избриши | измени | одговори)

#

Многу добар пост.

Сега е многу појасен бугарофилскиот карактер на личноста, Мара Бунева. А особено кој стои позади неа.

Само мене ме загрижува тоа дека влегуваме, како држава, во некој вртлог на бугарофилска хистерија, а македонската држава не реагира соодветно на истото. Напротив, имам впечаток како да се дава премолчена поддршка. И не само од таму. http://jadiburek.blog.com.mk/node/63413#new
(oggie doggie 18 Јануари, 2007 - 18:28 | избриши | одговори)

#

Spartak

Благодарам за линкот - кај мене се отвори без проблем.

Еве што пишува за Мара Бунева:

“... Од широката фамилија на Топорковци - една од тетките на Миља, мајката на професорот Хаџи Ристиќ, е и Ана омажена за Никола Бунев, кој има два сина и четири керки. Една од керките е Мара Бунева.

Македонската трагедија на поделби, според интересите на големите сили од овој период најдобро може да се опише преку семејството Буневи, во кое едниот син Борис, станува бугарски политичар и го достигнива рангот на генерален секретар на ВМРО, а другиот син Лазо, станува капетан на кралската војска на Југославија.

Керката Мара мажена за бугарски офицер за време на Првата светска војна, бездетна, се разведува и живее во Софија.

Лошата политичка и големосрбска власт кон македонското населением особено од началникот на полициската безбедност Владимир Прелиќ, беше причина ВМРО во Софија да донесе одлука тој да биде елиминиран. За извршител на одлуката, со жрепка, бил одреден Борис Бунев.

Мара Бунева, понесена од народната песна “Сестра кани брата на вечера“, му вели на Борис дека таа ке ја земе крвнината, бидејќи нема пород и не планира да има, а Борис треба да гради свое семејство.

Мара се доселува во Скопје и живее во куќата на своите роднини Миља и Ѓоко Хаџи Ристиќ, без да им каже за нејзината мисија.

Преку сестрата на Ѓоко, Мара Хаџи Ристиќ, наставничка во женското стручно училиште, Мара Бунева се запознава со Велимир Прелич, со кого се зближуваи Прелиќ така стекнува доверба кај неа.

Но во Јаноар 1929 година, на кејот од десната стерана на Вардар, Мара Бунева со пиштол пука и го убива Прелиќа. Себе се ранува, се напива отров и во болница починува, без да и се знае каде е погребана....“
(волан 18 Јануари, 2007 - 18:29 | избриши | измени | одговори)

#

Во еден напис на Утрински- Број 769 понеделник, 16 октомври 2006 новинарот ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ ке даде неколку свои опсервации:

...Красимир Каракачанов, во својата книга за ВМРО ја определува Мара Бунева како голема Бугарка. "На 13 јануари 1928 година, младата Бугарка од Тетово, Мара Бунева, точно во 12,15 часот напладне со три куршуми го уби во центарот на Скопје Велимир Прелиќ - човекот којшто ги раководи инквизициите против студентите на ММТРО...Раката на одмазда, раководена од ВМРО, стигнувува насекаде", ќе напише тој. ...

... Еден извештај на бугарскиот амбасадор во Загреб во времето на НДХ на Анте Павелиќ во Загреб, Јордан Мечкаров, од јули 1941 година, кој тогаш два пати се сретнал со Ванчо Михајлов, фрла повеќе светлина на крвавите настани и убиства во Македонија пред Втората светска војна. "Нашите револуционерни акции внатре во Македонија, како што е убиството на генерал Ковачевиќ во Штип, на Прелиќ во Скопје и други, имаа за цел да го држат отворено македонското прашање, да се знае дека има луѓе коишто се борат за својата слобода воопшто, да се говори за Македонија. Инаку, ризикуваме да ја доживееме судбината на Моравско, што при недостиг на борбени елементи и на молчењето на своите проколнати синови на Бугарија беше србизирано", ќе цитира дел од разговорот со Михајлов бугарскиот амбасадор.

Михајлов, истовремено, пред Мечкаров, изразува големо задоволство за присоединување на еден дел на Македонија кон "мајка Бугарија" и бара од бугарската влада да стори с? што може за присоединување на цела Македонија кон Бугарија. Тој категорички изјавил дека населението во Македонија по националност е бугарско. "Голема штета ќе биде за Бугарија ако Гостивар, Тетово, Кичево, Лерин, Костур, Воден останат надвор од "мајка Бугарија", ќе подвлече тој.

Човекот, по чија наредба се убиени многу македонски револуционери, тогаш ќе му образложи на бугарскиот амбасадор дека крајната стратегиска цел на неговата ВМРО била присоединување на Македонија кон Бугарија, бидејќи друго решение не можело да има. "Секој што тврди дека нема Бугари тој не е добар Бугарин и лаже", ќе нагласи Михајлов, додавајќи дека еден голем дел од "бугарската интелигенција од Вардарска Македонија потпаднала под влијание на Белград". ...

Не е спорен храбриот чин на Мара Бунева. Таа верувала во тоа што и го кажувале врховистите и затоа го жртвувала својот живот. Но, таа истовремено била само еден обичен инструмент во рацете на Ванчо Михајлов, како, впрочем и многумина Македонци кои во името на Македонија гинеле. Меѓутоа, нивниот наредбодавач се борел не за денешна Македонија, туку за Македонија на Бугари, без Македонци. Тоа тој го напиша и во неговиот претсмртен тестамент во Рим во кој децидно подвлече дека македонската нација не постои и дека Македонците се Бугари. Тоа го знаат, го поддржуваат и, најверојатно така се чувствуваат сите оние што пред неколку дена запалија свеќи на поменот на Бунева. Луѓето што внимателно ги следат најновите процеси во Македонија сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно го проблематизира македонскиот национален идентитет и се обидува да ја врати историјата назад. Во тој контекст се ставаат и панихидите на Мара Бунева, Тодор Александров и Владо Черноземски, како и прогласувањето на МПО за борец за самостојна Македонија....
(волан 18 Јануари, 2007 - 18:44 | избриши | измени | одговори)

#

Во напис на А1-31.05.2006 се вели :

“..Еден од најголемите негатори на Македонците во Бугарија, лидерот на бугарската ВМРО СМД Красимир Каракачанов, бил агент на бугарските тајни служби, потврди денеска министерот за внатрешни работи на Бугарија Румен Петков.

Каракачанов, кој заедно со уште двајца други бугарски пратеници соработувале со поранешната служба за државна безбедност, доставувал информации за лица од Македонија и Бугарија кои се противеле на бугарската пропаганда за непостоењето на македонската нација..“
(волан 18 Јануари, 2007 - 18:51 | избриши | одговори)

#

Точно. Каракачанов е џандарски информатор. Убаво шо не потсети. И сите да знаеме со какви луѓе си имаме работа. А не верувам дека само Краси е таков. Можно е дека целото раководство е такво.
(Spartak 18 Јануари, 2007 - 19:05 | избриши | одговори)

#

Во написот на Весела Илиева 14 Януари 2007 - Мара Бунева – „Македонио, моя многострадална майко” ... се даваат уште некои информации за фамилијата на Мара Бунева и за самата Бунева ...

“... Мара Бунева е едва 27-годишна, когато умира. Изоставила сигурността на дома си в царство България и защитата на своя високопоставен и обичан съпруг, офицер в българската армия. За свободата на българска Македония. Около 20 години преди смъртта й, Артър Смит се среща с една друга българка в Македония, която описва като българската Жан Д’Арк – Цвета Божова. ...“

“... И една меланхолична крехкост. Мара – войник по неволя в една малочислена, обречена армия, която воюва с пълното съзнание за безнадежността на битката срещу сръбските асимилатори. В една война, която никой българин в областта Македония не е желал. ...“

“ ...Армията от младежи във ВМРО отчаяно защитава българското население от сръбските безчинства над него. Главорезите са официални лица на сръбското правителство, отговорни десетилетия наред след окупацията на българските земи през 1913 -1914 г. за смъртта и насилието над десетки хиляди цивилни българи и българки. ...“

“ ...Когато няма други средства,с които да спрат официалната сръбска геноцидна политика, българите се организират в групи за защита. След преживяните погроми през 1920-те българските младежи отиват в безсилието си в организирана офанзива – във въоръжена съпротива срещу официалната сръбска власт. Те я наказват, осъждайки на смърт отговорните за масовите убийства сръбски официални лица....“

“... ВМРО и отмъстителни действия на сръбската полиция над българското население. Присъдите обикновено се изпълняват с револвер, стреля се в упор. Докато осъденият със сигурност е умъртвен. Сръбският генерал Ковачевич, началникът на тайната полиция Жика Лазич, самият югославски крал Александър Първи Карагеоргиевич, френският външен министър Луи Барту, създателят на Балканският пакт срещу България, допринесъл лично за териториалното разделение и асимилацията на българите, са само едни от известните имена на лица, над които тези присъди са изпълнени. ...“

“ ... За присъдата над скопския главен следовател Велимир Прелич през януари 1928 г. отговорността носи Мара Бунева. Родом от Тетово, едно от четири деца, Мара Бунева участва с цялото си семейство в цивилната съпротива срещу сръбските окупатори. На 27-годишна възраст чрез брат си Борис се доближава до кръговете на ВМРО. По това време Мара живее вече в България, завършила е висшето си образование, очаква я блестяща кариера, омъжва се за офицер в царската кавалерия. Еманципирана и високо образована, тя запазва моминското си име. Има предложение да поеме директорски пост в девически колеж. Мара се интегрира в живота и културата на българската столица по време на студентските си години. Едва ли някой виждал я как се грижи за сираци и бедни със свои състудентки, би помислил, че тази източена, крехка жена с големи благородни очи ще държи оръжие и ще бъде изправена от съдбата да изпълни смъртна присъда над човек. И да свърши живота си на 27 години, далече от любимия си съпруг и изграденото вече семейство. ...“

“... Прокурорът в скопското жупанство Велимир Прелич е масов убиец,

в това няма съмнение. Той не е обикновен тип „писалищен престъпник”, ако трябва да се използва терминът на Хана Аренд за административните участници в геноцидни престъпления. Велимир Прелич издава многобройни присъди над цивилни лица, той е известен корумпиран служител. И садист - който сам участва в организирането на погроми над българското население и малтретирането и насилието над български жени. Присъдата му е издадена заради мъченията, на които подлага десетки български студенти и студентки. Арестувани през 1927 г., онези, които оцеляват след мъченията и изнасилванията по време на т. нар. Студентски процес, иницииран от югославските власти и лично от Прелич, са изпратени с дългогодишни присъди в строг тъмничен затвор. Чудовищни са методите на мъчение - Велимир Прелич е особено изобретателен - главите на следствените студенти са стягани с менгемета, чупени са ръцете им с дъсчици между пръстите, заравяни са живи, рязани са телата им....“

“...В Скопие Мара Бунева изпълнява присъдата над Прелич на 12 януари 1928 г. На Стария мост над Вардар младата, модно облечена българка застига преминаващия с охраната си Прелич. Когато погледът му обхожда вървящата на сантиметри до него жена, Мара се обръща и го застрелва в упор с няколко куршума. След което стреля в гърдите си. Садистът е мъртъв, телохранителите му отвеждат агонизиращата Бунева в болницата и лекари полагат всички усилия да я спасят. За да могат да я разпитат и стигнат до организаторите. Но Мара се бори с всички сили за смъртта си – това описва сръбският лекар. С всяко свое усилие, младото й тяло се съпротивлява на опитите да я спасят. Раните й са тежки, тя издъхва през нощта на 13 срещу 14 януари. ...“

Во понатамошниот текст ни се каваат податоци за братот на Бунева Борис и синот на Борис кој во сплет на околности оди во Америка каде по успешна кариера повторно се враќа во БГ.
(волан 18 Јануари, 2007 - 19:11 | избриши | измени | одговори)

#

Како и за сите историски личности од македонската историографија така и за Мара Бунева - интернетот изобилува со написи од бугарски автори ...

Многупати сум велел еве и сега пак ке повторам ... интернетот е најефтин медиум за да се пишува за Македонската историја од Македонци ....

Некако дегутантно е кога други ни ја раскажуваат нашата историја ...
(волан 18 Јануари, 2007 - 19:14 | избриши | одговори)

#

одличен сублимат ...
(Вклучи се 18 Јануари, 2007 - 19:25 | избриши | одговори)

Blog Archive

Site Meter