Search This Blog

Tuesday, January 23, 2007

ТОТАЛИТАРИЗАМ - кај нашите најголеми партии

Тоталитаризам и градење на култ на личноста на водачот никако да ги надмине нашите две најголеми партии. Сменливост на лидерите никако не може да се вгради во партиите а да не настапат некои големи потреси во нив.

Во сите ЕУ држави и во поразвиените светски држави - каде модел на управување е демократско општество - издиференцирани се две или три партии поголеми кои се менуваат на власт - со вклучување на уште две три помали партии кои никнуваат и се гасат ... Ме чуди кај нас огромниот број на мали партии кои немаат никаква шанса ...

И кај нас може да се каже, дека се етаблираа две партии кои се менуваат на власт. Но за разлика од светските партии - каде нема потреси при смена на лидерите на партиите - кај нас секоја смена на лидерите носи цепање на партијата на делови ... Вака губат сите - од партијата која се дели ... (добива само конкурентската партија) ... Губат оние кои остануваат во матичната партија поради осипувањето на видни членови од партијата (квалитет) и од гласачи кои се приврзаници на одредни личности (квантитет) ... Губат и оние кои се одделуваат од матицата - во принцип таквите партии згаснуваа или се враќаат во матицата после првите или вторите избори ...

Се прашувам зошто самите лидери од големите партии не си поднесат оставки во Политичките функции веднаш по губењето на изборите ... Зошто ја мачат и исцрпуваат партијата со делби и кавги и така ослабена оди неспремна во нови избори ... работат на своја лична штета и штета на матичната партија ... Доволни се случаевите на Георгиевски... а поготово случајот на Бучковски. ... Бучковски кој е академски граѓанин си дозволи да од пуста желба за власт и моќ - за кратко време изгуби се ... и позиците во партијата а и си ги наруши односите во фамилијата (што лично за него предпоставувам е најтрагично) ... Бучковски на кого му е обезбедена лагодна егзистенција на позицијата на редовен прфесор на Правниот факултет ... Бучковски кој е и правник не свати дека треба да си даде оставка во својата партија - за да пушти место на нови лица кои ке ја влечат партијата нанапред ...

За Бучковски и цепањето во СДСМ - напишав неколку постови:
-Петковски се премисли за коолицирањето со СДСМ
-Владо Бучковски
-Ветувањата на Бучковски
-Широката постизборна коалиција
-Влада без малите партии
-Бучковски - Оставка?!
-Бучковски ја крева цената на Албанските партии
-Оставки во СДСМ
-Никола Поповски
-ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

Од горните постови во врска со темата би ги издвоил - Бучковски - Оставка?! - Оставки во СДСМ - ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА

Зарем партиите не научија ништо од кратката историја на двете наши поголеми партии дека секое цепкање оди на нивна штета ...

Подмладувањето на партиските структури е лекција која успешно ја научи ВМРО-ДПМНЕ и успешно ја практикува последните десетина години ... ВМРО-ДПМНЕ успешно лансира десетина млади луѓе во врвната политика ... за разлика од СДСМ ...

Едноставно и моделот на избори (кој е правен од големите партии) е во полза на големите партии ... прагот за влез во парламентот е прилично висок ... Ова незнам дали е баш најдобро затоа што доаѓаме до апсурдни бројки да и 25 проценти од вкупното гласачко тело може да значи дека ке имаш власт во наредните четири години ...

3 comments:

Anonymous said...

[url=http://acquistocialisfacile.com/#24331]cialis[/url], comprare cialis, http://acquistocialisfacile.com/#8459 cialis

Anonymous said...

[url=http://viagraacquistoitalia.com/#73493]acquisto viagra[/url], acquisto viagra, http://viagraacquistoitalia.com/#77601 acquisto viagra

Anonymous said...

[url=http://acquistocialisfacile.com/#16598]cialis generico[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#47880 cialis

Blog Archive

Site Meter