Во минатата година десетина пати пишував за Дивите копачи во МК - кои се први во низата од таканаречената архео-мафија. Во написите изнесував сознанија дека најзаинтересирани купувачи за МК артефакти се грчки посредници - кои купуваат за нивни приватни колекционери но највеќе и најорганизирано за грчките музеи - кои потоа ги документираат како свои артефакти ...
Апсурдно е тоа што деновиве новинари на грчкиот Катимерини ја посетиле МК и МК археолошки локалитети и констатирале дека најголем проблем на МК археологија се Дивите копачи. Демек тие се главните виновници за уништувањето на МК археолошки локалитети.
Нашата полиција никако да дојде до нашите Диви копачи - но затоа нашите медиуми прават исцпни интервјуа со нив (се сеќавате на селанецот од Бонче - кој пред окото на тв камерата на канал 5 даваше изјава како и каде ни наошач штитовите и други артефакти - не само тој туку и други негови соселани ... иако за случајот беше поведена предистражна судска постапка - таа е затворена без покренување на обвинение ... за никого ...)
Паско Кузмин, Директорот на управата за заштита на културното наследство ... Дивите копачи ке ги нарече “ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ“.
Стариот директор на управата за заштита на културното наследство - Јован Ристов ... за Вечер даде мегаинтервју: Мафијата ни го продава идентитетот за 100 евра - изјави дека во МК тој има список од 200 луѓе Диви копачи и други поврзани во ланец на таканаречената Архео-мафија ... никој не реагираше на тоа сознание ... полицијата и обвинителите не читаат весници ...
Да се вратам на темата новинарите на Катимерини лесно интервуирале Диви копачи - кои дури кажале дека се загрижени за културното наследство на МК - и дека никој во МК не се грижи културното наследство да остане во МК и да се валоризира ...
Најатрактивни наоѓалишта за дивите копачи према грчките новинари се локалитетите каде има Македонски бронзи и локалитети каде може да се пронајдат артефакти и монети од Античка Македонија ... Добро утро ...
Search This Blog
Friday, January 05, 2007
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
January
(47)
- НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ
- A Day in Macedonia
- Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН
- БУГАРИ ВО МК
- ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА
- ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел
- НАЦИЈА
- DODGE 4 – 1924
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ
- ГЕНЕОЛОГИЈА НА ПИСМЕНОСТА
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ
- ТОТАЛИТАРИЗАМ - кај нашите најголеми партии
- ХИЛАРИ КЛИНТОН
- ФИЛИП ПЕТРОВСКИ
- ПДФ книги - на Македонски
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ
- МАРА БУНЕВА
- ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
- ФОТОКОПИРНА ИСТОРИЈА
- ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ
- ПЕТРЕ ПРЛИЧКО - 100 години од раѓањето
- ПОЛИТИКА
- МАРКО
- ДЕЛЕЊЕ НА КАПУТИ
- ИСТОРИЈАТА НЕ ПОЧНУВА ОД НАС
- ВЕНЕРА - Вероника Костадинова
- АТОМСКИ УДАР ВРЗ ИРАН
- СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА - ВАРДАРСКА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА
- НА ГОСТИ НА БЛОГ
- 52-ка
- ПАРИЧКА
- КРИВ НИ Е КАЛЕНДАРОТ
- Б‘ЛГАРСКИТЕ ПЕТ МИНУТИ
- ДИВИ КОПАЧИ И ГРЧКИ НОВИНАРИ
- МАКЕДОНИЈА Е СИВА ЗОНА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
- ПАСОШ - МК
- АНТИКОРУПЦИСКА ГУЖВА
- ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА ТРЕБА ДА ГЛАСА
- АЛФИТЕ и човековите права
- ТРУДНИЦИ И ВРАБОТУВАЊЕ
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА
- МАМУРЛУК
-
▼
January
(47)
No comments:
Post a Comment