Search This Blog

Wednesday, January 24, 2007

ГЕНЕОЛОГИЈА НА ПИСМЕНОСТА

На постот пред овој БЛОГЕРИ НОВИНАРИ - кој неочекувано за мене предизвика релативно големо внимание RIBARO ми остави коментар:

“Јас еднаш пишав песна во „Развигорче“, а една за малку во „Наш Свет“ ќе поминеше ама ја цензурираа копиљаците и ја пуштија без она зборчињана на „е“ и „к“,а се потпиша другар ми-пеерче, шо седеше со мене. Пошто ја виде - на клупа ми беше напишана и згора ме нацинкари на учителката дека сум чкртал по инветар. Ова моево се рачуна ко новинар, А? Eye-wink

Ме инспирира да пишам ваков одговор:


Види вака, луѓето пишувале по пештерите многу одамна ... Арвена би ја замолил да ни каже од кога ...

Зошто имале потреба од пишување по пештерите и карпите ... луѓето имале потреба да упатуваат пораки на некого - со што у ствари ја бележеле територијата ... демек види ме на слика што мајмун сум - голем ружен и ако те фатам да ми се уселиш у мојата пештера ке ти скршам главата ... цртале и она што го ловеле - дивеч ... веројатно така ја учеле младата популација кои животни може лесно да се уловат а не се опасни да ти вратат ... сега незнам дали и женски ликови цртале - за да се удвараат на некоја жена ... или можна е и варијантата некоја жена “орангутанка“ да се нацрта себеси за да остави порака на некој “дивјак“ дека е слободна згодна женска (самохрана мајка ...) со две деца ... мажот “орангутан“ избегал и не се вратил ... или отишол у друга пештера или го изел лавот ...

Покасно нели на некого (некој човеколики мајмун по теоријата на дарвин) му светнала идејата да пишува разни знаци во карпите надвор - пак со цел за некаква порака ... ги бележеле звездите - соцето - божеството што го обожувале ... жената, мажот, децата - кучето мачето ... животните што ги ловеле ... (карпеста уметност) ...

Покасно се досетил некој дека може да се пишува и на нешто што се пренесува, некаква камена плоча ... но тука се судриле со проблем - плочите биле мали а требало да се напише подолга порака (ако цртаат зивотнии слично нема место Smiling ) и во племето седнале неколку мудри глави и се договарале - добро една исдлабена цртичка да речеме ке биде сонце; две цртички ке биде месечина; и така натаму ... Инаку секојпат сите стари писма кои се пишувани во карпа - камен се со издлабени симболи - и се претечи на денешните стрипови ...

Покасно кога и каменот (оној погоден за пишување...) се поретко се наоѓал а се барало да се напишат се повее текстови се барале природни материјали .... лесни а доволно трајни ... па така се изродил пергаментот ...

При крај на развојот се изродила свилата како материјал за пишување ... но секако најреволуционерно одкритие за пишување и размена на пораки е одкривањето на технологија за призводство на хартија ...

Сега во наше време нели имаме пишувања на разни пораки по клупите, вецињата и слични места кои прераснаа во таканаречени урбани графити кои беа посебен вид на израз на цела една генерација - која така комуицираше со околината ...

Па твојот ликовен израз јас би го сврстал во категорија на “урбани графити“ - кои се продолжение на најисконските први писанија по пештерите и карпите на праисторискиот човек ...

Сето ова ме испирира малку повеќе да пртарашкам по интернет за историјата на писменоста - писмото и јазикот ...

Испадна долго и нашироко истражување од сето најкратко ми се виде:

Genealogy of scripts derived from Proto-Sinaitic

Genealogy

· 2.1.1.1.2.1.1.1.1 Hangul alphabet(disputed) - 1442 (Korea) *[1]

· 2.1.1.1.2.1.1.2.1 Limbu abugida - c. 1740 (Sikkim) *

и секако историјата на азбуката

History of the Alphabet

Middle Bronze Age 19–15th c. BC

Сево ова е преобимен материјал - каде морам да признам дека се изгубив во многуте информации - кои ми беа неопходни да ја сватам денешницата и актуелниот момент со Каменот од Розета и Академското писанија на Аристотел Тентов и Томе Бошевски TRACING THE SCRIPT AND THE LANGUAGE OF THE ANCIENT MACEDONIANS а за нивниот превод на демонскот текст на Каменот од Розета ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter