Search This Blog

Wednesday, January 10, 2007

ИСТОРИЈАТА НЕ ПОЧНУВА ОД НАС

Скоро сите одред Политички партии - кога зборуваат за минатото и кога го слават и величаат своето дело забораваат дека Македонската историја не започнала со нив. Вакви примери има многу но еве во денешната колумна младиот Пратеник Владко Ѓорчев во денешен Дневник ни кажува некои негови вистини ... па вели:
Нека го подсети некој од неговата партија - бидејки верувам на другите нема да им верува дека Македонија има државност и Држава многу повеќе од 15 - те години кои тој ги брои ... Ѓорчев ги заборави датумите на првиот и вториот Илинден - и државните традиции кои произлего од нив ... Тие периоди кои се долги тој не ги есапи бидејки веројатно како противник на политичката партија која владеше од вториот до третиот Илинден - тој не сака ни да спомнува дека тоа беше зародишот на Македонската држава ... Пред МК институции стоеше МК знаме ... Македонците зборуваа Македонски ... Македонците и тогаш нешто градеа ...

Нека не се фали само со градењето на Црквите Манастирите и Паметниците - нека за промена ми наброи колку фабрики нови се изградија во овој период - а колку се затворија ... Колку нови работни места се отворија а колку се затворија ... Нека ни ја каже сега социјалната слика на народот ... како и од што живее ...
  • Македонците можат, Македонците сакаат. Сакаме културно да се натправаруваме со соседите. Не сакаме конфликти и конфронтации. Бараме почит, која ретко ја добиваме. Бараме признавање, затоа што многу ни значи. Бараме добар збор, затоа што така најдобро се разбираме.
Господине Ѓорчев се е вред со горното што си го напишал - но на Македонецот сега највеќе му треба работа - за да си ја нахрани фамилијата и плати сметките ... тука молам за резултати ...
  • Си имаме и ние мани, но работиме на себе. Кога ќе згрешиме, се обидуваме да ја исправиме работата. Понекогаш малку се занесуваме, ама луѓе сме. Понекогаш сме мазохисти, ама ни поминува. Понекогаш премногу молчиме, ама прозборуваме. Понекогаш премногу зборуваме, ама креваме рачна.
Македонскиот народ стана експериментално глувче на кое се тренираат и калат Македонските политичари - со сите горни мани ....

Млад Господине Ѓорчев - законот за празниците е важен и еден ден ке се донесе - но не гледам итност во таа работа - чинам дека многу поитно е намалувањето на невработеноста на овој народ ... зголемувањето на стандардот на веќе вработените ... тоа ги храни нашите празни стомаци ... и ако ги решавате и решите тие проблеми пак ке ве гласаме ... Доверба и мандат од МК народ добивте за да му ги решите пред се егзистенционалните проблеми ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter