Search This Blog

Thursday, January 11, 2007

МАРКО

Marko-2-Maj 2003.jpg

Утринава, во 6 и 15 по долго боледување почина мојот очув Марко.

Марко е роден на 25.10.1933 год. во едно босанско село по име Сајковиќ. Има уште дваица браќа и две сесетри. Роден е во релативно сиромашна фамилија - која судбината ја има натерано комплетно да се исели од Сајковиќ - што поради сиромаштијата - што поради недоразбирањата со хрватската околина во која живееле со децении неговите предци ...

Марко - бистро дете од својата фамилија - го сакал школувањето ... Патот го носи во Београд каде најпрвин завршува лимарски занает и дел од младоста ја провел во Београд - град во кој се заљубил ... и град во кој стално ке се навраќа се додека не го избере за свое стално место на живеење ... каде на Авала ке изгради голема куќа.

Во тоа време на неговата младост Марко веројатно притиснат од стегите на воената дисциплина ... или незнам зошто ... ги напушта воените редови и преминува во цивил ... Скопје бил одсекогаш отворен град ... Марко станал еден од основачите на Авто мото сојузот на Македонија - каде некое време бил важен член на комисијата за полагање на возачки дозволи ... Во сплет на околности ... поради неговата работа во војската станува еден од шефовите на авто сервисот на АМС во Скопје - каде покасно ке поминат многу наши познати механичари ... меѓу кои и Морски ... со кого остана пријател до крајот на животот на Морски ...

Бидејки бил желен за учење .... талентиран ... решил да го дополни своето образование и се запишал во Вечерната економска школа во Скопје ... Во истатата школа се запознал со мојата мајка Марија ... која исто поведена од желбата за дошколување одела во тоа школо ...

Мајками во тоа време е веќе млада вдовица со мали деца - сестрами 8 год. и мене 5 год. од првиот брак ... го губи таткоми во несреќен случај ... загинува на едно градилиште при изградба на еден објект во Скопје ... Значи таа, за да си го подобри својот стандард решава по неколку години од смрта на такткоми да се дообразува во вечерно средно економско школо. ... Во тоа време мајками има 26 години ...

Господ решил да ги соедини во понатамошен заеднички живот мајками и Марко ... Од овој брак Мајками раѓа уште две деца ... Сестрами Снежана и брат ми Зоран ... Меѓу нас децата нкојпат, ама никојпат немало подвојување ... одсекојапат сме се сакале и почитувале со сета братска и сестринска љубов ...

По земјотресот - се вселивме во барака во Бутел 1 - каде сите го завршивме основното образование ... и каде и ден денеска ни е база за фамилијарни средби - на една тераса со димензии 11 на 5 метри ... доволно голема да не собере сите ... ние четири деца ... нашите 10 деца и по некој приде ...

За жал средбите на терасата се проретчија ... животот не разнесе по светот како што вообичаено бива ... Сестрами Снежана ја одведе женската среќа и љубов во Чачак ... каде сега живее со своите четири деца ... Братми Зоран е во САД - поточно во Тексас ... каде по докторирањето во областата на математика (талент очито наседен од Марко) ... предава на еден универзитет во близина на Хјустон ... Сестрами постарата е сеуште во Скопје но нејзините две деца се во УСА ... “тбухом за крухом“ ... како што знаеше да каже понекојпат Марко.
Marko-Maj 2003.jpg

Но, да се вратам на Марко ... Големата љубов према Београд - Марко пак го враќа во Београд ... каде се вработува во фирмата за која работеше и во Скопје ... Фирма која продава авто делови ... Иако можел веројатно да добие стан во Београд (тогаш сите добиваа станови ... ако имаш доволно стаж и фамилија) ... тој се одлучи да купи плац на Авала ... каде живее и една од неговите сестри ... и тука прави релативно голема куќа ... Кој прави куќа знае дека, ако немаш купче пари од некаде ... куќата ја правиш цел живот и нема да ја доправиш ...

Во последните години од својот живот ... нашите родители додека беа сеуште на сила се шетаа со колата (Југо) низ точките по ЈУ, таму, каде им беа децата и други роднини .... Често знаеа да отидат и до Грција ... Но староста е сурова ... ја зема снагата и во последните неколку години и дваицата оболуваат ... Мајками ја фати старачка леукемија и е врзана за Скопје и скопските лекари поради нејзиното здравствено осигурување ... А Марко кого го стигна астма и други болести - околу срцето поврзани беше врзан за србското здравство ... каде често одеше на проверки, тестови и инфузија за да закрепне ...

Неостварена желба му остана да појде во УСА и да го посети синот на кој се гордееше ... имено на двапати американците без образложение не му дадоа виза ... и покрај сите гарантни писма од братми ... еднаш додуша и му дадоа - но само на три месеци ... а тој имаше желба да поседи подолго ...

Во последните години од неговиот живот се дружеше највеќе со сесрами во Чачак ... помагаше колку можеше со својата пензија ... се дружеше со своите четири внучиња од сестрами ... Но беше многу горделив ... Имаше обичај да не прифаќа туѓи мислења ако има свое за нешто ... и не поппушташе ни за јота ...

Пролетта и есента ке ја поминуваше на плацот на Авала ... каде садеше воќки и малку бавча - и ги одгледуваше со љубов ... Летото одеше на море ... имено сестрами има куќа на море и секојпат го зимаше во летото со себе ... а го зимаше и во зимите ... неколку зими презими и во Скопје - додека беше малку подобар со здавјето - во друштво со мајками ...

И оваа зима по славата на сестрами - Свети Никола, остана во Чачак. Но оваа зима и последниов грип не ги издржа, болешливото и заслаботото тело на Марко ... Марко утринава почина во болница во Чачак, и го напушти овој свет ...

Нека му е лесна земјата.

No comments:

Blog Archive

Site Meter