Search This Blog

Monday, January 08, 2007

52-ка

Насловот асоцијра на автобуска линија. Но во Скопје мислам дека нема таква. Одавна не ме возат автобусите. Но затоа времето непрестано ме вози веќе 52 години.

Имено денес ми е роденден, 52-ри. Роден сум всушност на вчерашниот ден (мајками се вика Марија ...) но знаете како било порано. Роден сум во моето Старо Нагоричане во домашни услови ... во присаство на мојот тактко Воислав - кој ми бил бабица и мојата баба Петрија - мајка на таккоми ... Закасниле еден ден со пријавување на новороденчето и така сега роденденот го славам не на денот на моето раѓање, туку на денот на кој сум запишан во книгите ... Во книгите сум запшан по името на дедоми Александар ... традиција која и јас ја продолжив ... Имено мојот син се вика Воислав ... Се надевам ке даде господ традицијата да продолжи и понатака ...

Што може да очекува еден човек од машки пол со своите 52 години. На оваа возраст нови планови не се прават - се тераат старите кои си ги поставил пред многу, многу години ... Така е и кај мене - ги терам тие планови кои се однесуваат на мојата потесна фамилија ...

Керка-ми дипломираше (Информатичар) и сега е на раскрсница - се спрема за продолжување на школовањето на некој од универзитетите во УСА ... би рекол по стапките а братми и внуками ... Нека и е со среќа - во овој период и посакувам да зацврсти лична врска со некого кој ке и биде другар во животот - со некого со кого ке го дели и доброто и злото ...

Син-ми - успешно да ги зврши студиите од Индустриски дизајн (сам си ги бираше) и да созрее конечно ... да се припреми да стане столб ... бидејки мојот веќе почна да се клати и не ке може уште долго да ги носи сите терети ... ке мора малку да се растерети мојот столб - бидејки секој преоптоварен столб може да падне ...

Жена-ми. Благодарен сум на господ што по двегодишни проблеми со здравјето .... почнува да ја враќа во нормала. Имено штом почна да ме кара и да ми се лути на ист начин како порано ... тоа е одличен знак дека ја има совладано болеста ... и ке продолжи по старо ...

Мајка-ми. Бутка со со оглед на годините и дијагнозата ... Чудни се луѓето кога ке остарат ... Повторно стануваат деца и не можеш да ги контролираш ... Повторно подлажуваат како деца ...

Ако продолжам да ги редам другите кои ми се блиски - ке ми треба голем расказ да пишувам ... Со една реченица - фала му на гостода сите се во добро здравје .... а се останато зависи од самите нив.

Она што ке ми го одбележи овој период од животот е блогот. Скоро година дена наназад можам да се прогласам себе за блог - зависник. Во блогерите пронајдов еден нов свет - кој слободно е спремен да дискутира за сите појави во општеството ... Јас би рекол блогот стана совест на општеството ...

2 comments:

Shepard said...

честито, до 102 да гураш!

Anonymous said...

Среќен роденден пријателе i sekoe dobro

Blog Archive

Site Meter