Search This Blog

Monday, January 08, 2007

НА ГОСТИ НА БЛОГ

Во овие зимски денови - кога во минатото просечниот Македонец бил земјоделец ... го користел ова доба на годината да појде на гости и да пречека гости ...

Скоро сите слави и имендени се во овие зимски денови ... Фино лепо ке го оседлал коњот - на магарето ке ја качел жената (...:) шовинистички ама така било ...) ... или ако бил поимуќен - ке го спремел чезето и со целата фамилија правец на гости кај некој што му е близок ... со себе ке понел кошница од подароци ... понекоја јаболка од визбата ... литар ракија и малку од доброто домашно вино ... нормално и доброто расположение ке го понесе со себе ... Неговите пријатели и роднини живееле во круг од неколку села ...

Денешниов ритам и начин на живеење се смени тотално. Просечниот Македонски граѓанин сега живее во некоја од супстандардните населби - залепена околу поголемите градови - но највеќе околу Скопје ... Бидејки е време на голема сиромаштија (“Паре су скупе...“ од легендарниот филм на Зона Замфирова...) луѓето полека се отуѓуваат ... Комшилукот му е нов - нема од она вечното пријателство - од старото добро село - каде комшијата ти е најсветол род ... Роднините и пријателите ти живеат далеку ... многумина и во други држави и ептен далеку ... Луѓето деновиве се помалку одат на гости и примаат гости ...

Но затоа имаме нова мода - одиме на гости по блоговите ... дури имаме и рублика блог пријатели ... Секако дека ништо не може да го замени старото добро одење на гости со сите ритуали ... но добро и ова одње на виртуелни гости е некаква замена за потребата на човекот да биде социјално животно ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter