Search This Blog
Friday, January 26, 2007
БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел
Во еден постар пост опишав ситуација кога Новинар на Вечер настапи непоштено према Блогер ... кој си пиша приказна на својот Блог, а новинар на Вечер направи сторија за случајот - без да го наведе изворот на приказната ... Башка нели многу новинари има и кај Блогерите ...
Денеска бев пријатно изненаден со еден телефонски повик каде еден новинар на Шпиц ме праша дали се лутам што делови од еден мој постар пост се користени во нејзиниот влерашен напис - Цар Константин и царица Елена во ГТЦ ...
Сега незнам точно за кој пост се работи но за св. Константин и Еелна имав барем седум поста ... види линкови 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, ... На мојот блог имам многу пати коментирано и покренувно идеја да Св. Константин и Елена барем Параклис да се направи - за да може да биде еен паметник за времето и црквата која била изградена на тоа место ...
Ако просурфала малку повеќе нвинарката по интернет ке пронашла и други Блогери кои пишувале за Светите Константин и Елена ... Св. Константин и Елена ...
Потегот на новинарката го оценив како исклучително коректно обраќање на еден новинар кој трага по приказна истражува по сите извори ... нормално најлесно се истражува по интернет ... Ме праша каде може да се пронајдат други детали за црквата ...
Еве јавно ке одговорам ... најпрвин воопшто не се лутам за користењето на мојот блог како извор на некаква информација или идеја ... напротив ме радува кога некој ке прифати определена идеја ... но може да има и друга вистина ... честопати се случувало да има исти мислења за ист проблем во различни точки од светот ... поготово во сверата на науката и пронаоѓањето и иновациите ...
Понатака можни места каде може да има документација за црквата на Св. Константин и Елена се секако архивата во МПЦ ... архивата на книги и весници при библиотеките во Скопје - поготову универзитетската и градската ... Богатата архива на Нова Македонија ... Архивата на МРТВ ...
Секако не е лесно да се истражува по сиве овие архиви ... но истражувачкото новинарство воопшто не е лесна работа ... но патот е тој ...
Инаку интересно е зошто така лесно се срушипо земјотресот Црквата Св. Константин и Елена ... која не била баш толку разрушена ... некои злабници велат а јас шпекулирам со тоа дека црквата била најпосетувана од Македонската Влашка заедница ... но ова е навистина само шпекулација ... Вистината е изгледа во проектот на Кензоо Танге - кој тука на таа локација предвиде грандиозен Трговски центар кој е гордост на Скопје ...
Но како и да е ја подржувам сега идејата на Аларова за изградба на параклис за Цар Константин и за Царица Елена во паркот „Жена борец“ е иницијатива на градоначалничката Виолета Аларова, во соработка со МПЦ. Црквата ја поздравува иницијативата .... но не се сложувам тоа да биде во паркот „Жена борец“ - бидејки местото - вистинското место на црквата Св. Константин и Елена - сега е голем плочник на еден агол на трговскиот центар ... Тоа е вистинското место ... место каде се крстени и венчани многу Скопјани ...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2007
(687)
-
▼
January
(47)
- НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ
- ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ
- A Day in Macedonia
- Д-р ТОДОРОВСКИ ЗОРАН
- БУГАРИ ВО МК
- ИНТЕРНЕТ ВОЈНА - ЗА МАКЕДОНИЈА
- ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА
- Блог - мрчатори VS. Блог - тинтратори
- ГОРАН МИХАЈЛОВСКИ
- БЛОГЕРИ vs. МК НОВИНАРИ втор дел
- НАЦИЈА
- DODGE 4 – 1924
- МАКЕДОНСКИ БЛОГ ПРИКАЗНИ
- ГЕНЕОЛОГИЈА НА ПИСМЕНОСТА
- БЛОГЕРИ НОВИНАРИ
- ТОТАЛИТАРИЗАМ - кај нашите најголеми партии
- ХИЛАРИ КЛИНТОН
- ФИЛИП ПЕТРОВСКИ
- ПДФ книги - на Македонски
- Атентатот - Бунева и истрагата ...
- ВЕЛИМИР Ј. ПРЕЛИЌ
- МАРА БУНЕВА
- ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА
- ФОТОКОПИРНА ИСТОРИЈА
- ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ
- ПЕТРЕ ПРЛИЧКО - 100 години од раѓањето
- ПОЛИТИКА
- МАРКО
- ДЕЛЕЊЕ НА КАПУТИ
- ИСТОРИЈАТА НЕ ПОЧНУВА ОД НАС
- ВЕНЕРА - Вероника Костадинова
- АТОМСКИ УДАР ВРЗ ИРАН
- СЛОБОДНА ЕКОНОМСКА ЗОНА - ВАРДАРСКА СИЛИКОНСКА ДОЛИНА
- НА ГОСТИ НА БЛОГ
- 52-ка
- ПАРИЧКА
- КРИВ НИ Е КАЛЕНДАРОТ
- Б‘ЛГАРСКИТЕ ПЕТ МИНУТИ
- ДИВИ КОПАЧИ И ГРЧКИ НОВИНАРИ
- МАКЕДОНИЈА Е СИВА ЗОНА ЗА СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ
- ПАСОШ - МК
- АНТИКОРУПЦИСКА ГУЖВА
- ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА ТРЕБА ДА ГЛАСА
- АЛФИТЕ и човековите права
- ТРУДНИЦИ И ВРАБОТУВАЊЕ
- МОЈА БЛОГ СТАТИСТИКА
- МАМУРЛУК
-
▼
January
(47)
No comments:
Post a Comment