Search This Blog

Saturday, June 03, 2006

Св. Константин и Елена



Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена. Црквата се наоѓа во десниата страна од сликата. Ставена е во круг - поголемиот најдесно. По мои пресметки таа е на некои 60 до 70 метри одалечена од Зградата на Дистрибувија на РМ. Во линија со стоковната куќа Нама и улицата што води према скалите од трговскиот.

Истовремено Ви постирам и Гоогле слика од сегашната положба на Скопје. Оваа слика Ви ја давам за да пробате сами да ја пронајдете старата локација на Црквата св.Конскантин и Елена. По мене таа се наоѓа некаде во влезот на Стопанска Банка во Трговски. Веднаш до скалите на ГТЦ.

На крај еве ја уште еднаш сликата од Самата црква со оградата. Некаде во близина на црквата во правец на зградата на дистрибуција се наоѓала и родната куќа на Гонџа Бојаџиу - славната Мајка Тереза.

1 comment:

Anonymous said...

I really enjoyed looking at your site, I found it very helpful indeed, keep up the good work.
»

Blog Archive

Site Meter