Вчеера пишував за една моја случка во пасошко.
Самото пасошко кое се пушти во употреба минатата година - се изгради веднаш до МРТВ е релативно добро овранизирано – ама само од внатре. Има доволен број шалтри – со тоа што има шпицови кои не се одстрануваат со отварање на нови шалтери за работа со граѓани – кога има гужва. Да се разбереме шалтери има доволен број но во шпицовите не работат доволно појачано.
Службениците кои работат во позадина треба како што е секаде во светот обичај штом се појави гужва по шалтерите да ги напуштат лагодните канцеларии и бироа и да отворат нов шалтер за непосредна работа со странки – граѓани.
Но тоа не ми беше зборот во овој пост. Однос Админисрација Граѓанин е сериозно изместен во полза на Администрацијата а треба одбратно Но тоа е тема за друг пост.
Кога реков дека “пасопко“ изгледа само од внатре добро организирано – мислев за тоа како мизерно изгледа надвор. Хортикултурното и партерно надворешно уредување пред вака значајен објект на Администрацијата е катаствофално. Нема пристапни патеки до објектот за пешаци. Некоја смеса на песок и земја. Нема тревници – за садници и цвеќиња да не зборувам. Нема паркинг за колите – иако има доволно место за тоа. Јадно и бедно.
Еве за ова се сетил и Утрински и со својот напис: “Никој не се грижи за уредување на просторот пред Одделението за пасоши - Од Градот велат дека за просторот се задолжени корисниците, а во случајов тоа се МРТ и МВР“
“..Просторот пред Одделението за пасоши на Министерството за внатрешни работи личи на џунгла. Веднаш на влезот се забележуваат само трње. Таму има израснати треви со височина од речиси еден метар, кои личат на вистински змијарници..“
За повеќе линк тука.
No comments:
Post a Comment