Search This Blog

Monday, June 19, 2006

Македонски компјутер за 100 до 200 долари

Во една прилика кога разговарав со некои луѓе од Македонскиот телеком - ветија дека пак ке ја обноват акцијата за ефтини компјутери во склоп со нова поефтина понуда за АДСЛ. Од таа вест ни трага ни гласа иако беше изнесена идејата-од нивна страна пред два месеца. Во нашиот телеком во меѓувреме се работеше на други проблеми на ребрендирашето. А профитот и без тоа им цути - па зошто да менуваат нешто ако и вака им оди...

Веста што ја читам денеска дека Интел ја пикирала Македонија како потенцијална дестинација за инвестирање. Планирале токму во нашава држава да се отвори регионален центар каде што ќе се произведуваат компјутери и би се нуделе на пазарот од 100 до 200 американски долари, ми звучи како некој нов предизборен трик во многуте најавувања за Големи бренд имиња во инвестирашето во Македонија.
Изворно линк тука.

Ова “произведување“ сватете го како штрафцигер фабрика. Па така и до сега се произведуваат компјутери во Македонија . Има стотина мали компании од кои некои се и поголеми кои склапаат елементи и како такви ги продаваат како компјутери.

“..
Компјутерите нема да бидат нудени во слободна продажба, туку Владата би им ги давала на секое семејство по минимална цена, со одреден рок на исплата, или во крајна линија тие можат да бидат бесплатни..“

Да не е и ова како со познатото платно и кајчето “бесплатно на среде езеро“ од спотот и песнакта на К-15.

No comments:

Blog Archive

Site Meter