Search This Blog

Saturday, June 17, 2006

Си-Ен-Ен Промоција-Македонија

Еве и тоа бидна. Промоција на Си-Ен-Ен за Македонскиот туризам.

300.000 евра кои ги обезбеди Европската агенција за реконструкција-пак некој нешто ни поклонува. Незнам зошто воопшто служи нашиот буџет. За плати и шетање на администрацијата - можеби.

Како и да е кога е на поклон - ке прогледаме низ прсти. Но Македонија нема море а нема ни којзнае какви хотели за да понуди врвен туризам за богата клиентела - ниту масовен туризам (немаме море - а немаме ни глечери - снегот брзо се топи по планините)

Ако сакаме туризам можеме да развиваме само туризам на база на богатото историско наследство и средновековните Цркви и Манастири - надополнет со Бањски туризам - секако и селски туризам. Во Македонија кај и да копнеш има слој на некоја култура од предисторијата до денес. Значи непрекинат континуитет на култура подкрепен со преубави артегакти и ископини...

Ваков специфичен туризам и сега постои но не е доволен. Грција голем дел од туризмот го дополнува со своето богато културно наследство. Треба да учиме од нив и од Италијаните за ова.

Македонија мора да направи свои Културни брендови како што беше Манифестацијата
Јустинијан Први - Македонскибренд и

ВЕЧЕРВА, НА СКОПСКОТО КАЛЕ-Манифестација во чест на Јустинијан Први


2 comments:

Anonymous said...

tropas gluposti

Photo Volan said...

Karakash

Да и Ататурк е Македонски бренд на некој начин - секако и Мајка Тереза...

Blog Archive

Site Meter