milozvucna_s… во својот инспиративен напис Римските патишта во Македонија (вовед) ме инспирира да прошарам малку по интернет и да пронајдам што се има запишано на Интернет за Римските патишта во Македонија. Се надевам дека milozvucna_s… нема да ми се налути што Јас како нестручно лице кажувам нешто за нејзината тема... Уствари јас многу малку ке кажувам свои мислења – за тоа навистина во Македонија има прекрасни луѓе кои животот го посветиле на Археологијата иа на нас ни овозможиле да уживаме во нивните трудови ид да разбереме дел од нашето минато...
Еве подолу еден добар напис од Миле Раденковиќ објавен во Форум – интегрално прочитајте го на долниот линк.
http://www.forum.com.mk/Arhiva/forum125/fasanfas/fasanfas.htm
- Виа Игнација - СЛАВЕН И ЗАБОРАВЕН ПАТ - Пишува: Миле Раденковиќ
Од 28-те "римски" патишта, градени низ една од најгласовитите империи во човековата цивилизација, најславен е оној познат под името Виа Игнација. За нас е интересен поради фактот што минува низ денешна Македонија и што токму со таа делница се сврзани многу историски непознаници, настани и легенди, но и заради фантастичната иницијатива да се реновира целата траса.
За Виа Игнација инаку има малку зачувани записи и историски факти, бидејќи кога била довршена империјата почнала да се урива како кула од карти. До ден денес не е утврдено со сигурност како тој патен правец го добил името. Според едни толкувачи патот е крстен по месноста Игнација, а според други по градителот, проконзулот Грај Игнацие.
Според современите мерења Виа Игнација е долг 800 километри, но, за жал, само некои делови од старата траса се во употреба и денес. Патот е граден 44 години, што, гледано од денешен агол и според денешните стандарди, значи експресно и во еден здив.
Почетокот на градбата се поклопува со ширењето на Римската Империја кон исток и се смета дека е започната во 145 година пред нашата ера, една година по Третата македонска војна, по која Рим загосподарува со тогашна Македонија.
Гледано според денешните стандарди, Игнацие и неговата придружба сепак го пронашле најоптималниот правец подеднакво прифатлив за градителите, но и за подоцнежните корисници. Делницата од Драч до Солун, долга 391 километар, која многумина ја сметаат за комплетна траса на Виа Игнација, била градена 18 години и се смета за најтешка во целиот потфат. Градена во тринаесет етапи,...
Својот вистински процут Виа Игнација го доживува за време на римскиот император Антонин Пие (138-161), а заслугите за заокружување на тој проект им се припишуваат на неговиот претходник Хадријан (117-138) и наследникот и посинок Марко Аурелие (161-180).
Делницата на Виа Игнација низ Македонија интезивно била користена сe до Првата светска војна, за да се престори потоа во заборавен антички експонат. Во новопојавената намера на моќниците од новиот светски поредок да ги реактивираат комуникациите на старите империи, Виа Игнација, кај нас познат како Коридор осум, има приоритет.
Одличен напис на Миле Раденковиќ објавен во Форум – интегрално прочитајте го на долниот линк.
http://www.forum.com.mk/Arhiva/forum125/fasanfas/fasanfas.htm
No comments:
Post a Comment