Search This Blog

Friday, June 23, 2006

Блогот и Јавното Мнение во Македонија

milozvucna_s… во својот пост “5737 гости“ објави податок дека скоро 6000 луѓе во исто време читаат што се пишува на Блогерајот. Блогмастерот неоднама објави дека има скоро 6000 регистрирани Блогери (не сум сигурен за бројката).

Што значи ова?

Ова значи дека се достигнуваат критични цифри кога можеме да кажеме дека Блогот почнува да влијае на Јавното мнение. На тие скоро 6000 посетители кои биле во тој момент на Блогерајот - сигурно можеме да додадеме барем уште толку - (песимистичка бројка или уште двапати од тоа - оптимистичка бројка) . Ако на сето тоа ги додадеме и посетите на другите блог сервиси на кои постираат Македонските Блогери - сигурно ке се дојде до респектибилна бројка - која ке каже дека Блогот како таов врши сериозно влијание на Јавното мнение во Македонија.

Треба да го додадема тука и податокот за сталниот пад на тиражот на Македонските весници и пад на рејтингот на гледање на ТВ вестите.

Отука не е ни чудно што дел од Македонските Партии побрзаа да бидат присутни во Македонската Блогосфера. (Сега за сега со мал успех - по мое скромно мнение). Ако ништо друго барем да го осетат пулсот на Македонскиот Блогер - кој од ништо неограничен си ги кажува слободн своите ставови на својот Блог.

Да - да не заборавам да ги пофалам луѓето и екипата на Он.нет дека со оваа Блогерај Акција успеаа да направат да се оствари дел од Националната стратегија за Интернетот во Македонија - а тоа е зголемување на Македонските содржини на Интернет - како предуслов за зголемување на Интернат пенетрацијата.

Иако луѓето на Он.нет ме знаат како голем критичар на нивната работа - поготово поради цените и спороста во воведување на Ефтин интернет во Македонија - поготово за ученици и студенти - еве стига од мене и едно признание.

Ваква Блогерај акција повеќе очекував од МТ. Кои имаат повеќе обврска према македонскиот Интернет потрошувач. Но ете тие не ја увидеа на време можноста за промоција на својата компанија - кај Интернет потрошувачите во Македонија.

2 comments:

nikolani said...

Сосема се сложувам со твоите констатации за блоговите. Мислам дека блоговите се нов квалитет и на читателот му нудат нешто поинакво од стандардните, традиционалните медиуми. Веќе читателите се заситени од весник или ТВ кои работат по одреден шаблон. Блоговите се базираат на слобода и независност во уредувањето и пишувањето. Затоа партиите никогаш нема да имаат голем успех на блоговите - во партиите нема слобода и независност. Има Лидер и лидерчиња околу него кои мора да се слушаат.
За Он нет го мислам исто, дека придонесоа за развој на блогерајот, ама никогаш не би се префрлил таму. Немам доверба.
Од Македонски комуникации - МТнет- очекувам само повисоки сметки.

Photo Volan said...

Јас бев кај Мт - АДСЛ. Па им се налутив и го раскинав договорот со МТ.

Сега сум на кабелски. Врската е полоша и малку поспора но далеку поефтина...

Blog Archive

Site Meter