Search This Blog

Tuesday, June 13, 2006

Партијска Држава

Неколкуте последни наши влади а поготово последната - воведоа елементи на партизација на државата.

Се сеќавате зошто оставка даде еден од трите премиери на СДСМ во последната тура на владеење на оваа партија со нашата Држава. Банкарот Хари Костов даде оставка на својата влада затоа што не можеше да контролира некои негови министри, кои изјавуваа дека одговорност чувствуваат само пред своите партии.

Чистките после секои избори се неподносливи. Се отпуштаа од работа кафекуварки и потрири само затоа што не се од владеачката партија.

Ова е навистина сериозна болест на нашата млада демократија. За ова ни укажуваат и добронамерно ни упатуваат критики од ЕУ и поготово од САД дипломатијата. Кој чул дека по избор на нов председател се врши генерална чиска во администрацијата на САД. Таму дури скоро ништо не се менува во започнатите проекти.

Кај нас се стопираат и започнати проекти само затоа што тоа го започнала, предходната власт. Така на пример:
-Се стопира изградбата на спортските сали на Цили и Љупчо.
-Се стопира избрадбата на зградата на Факултетот за Информатика при ПМФ.
-Се стопира изградбата на Болницата за Гјникологија и акушерство при Клиниките... и други слични проекти од општ интерес...

За повеќе видите тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter