Search This Blog

Thursday, June 01, 2006

Заживување на идејата за градска плажа !!

ГРАДОТ ПЛАНИРА ДА ГО ЗАЖИВЕЕ ЛЕВИОТ БРЕГ НА ВАРДАР-Базени ќе глумат градска плажа на кејот

Градската плажа не може да се обнови зашто реката Вардар е многу загадена, но на кејот можат да се изградат базени и други забавни содржини за вистински да заживее левиот брег на Вардар, вели градоначалникот Трифун Костовски.

Во градот планираат коритото на реката да го уредат на подолг потег во делот под Кале за да привлечат повеќе посетители.

Според најавите, градската управа наскоро ќе распише конкурс за изработка на студија со која треба да се утврди какви се условите за изградба на левиот, неискористен брег на реката Вардар, природата, сегашната функција на просторот и инфраструктурата. Потоа треба да се дадат предлози како тој да се уреди, да се заштити и да се направат услови за спорт и рекреација, зеленило, туризам и сообраќајници.

- Ќе треба да се пешачки патеки, терени и комплекси за спортување, базени, рекреативни површини, патеки за велосипеди, забавен парк и парк за водни спортови. Особено внимание ќе им се посвети на зелените површини. Ќе се засадуваат нови парк-шуми, површини со посебен режим на заштита, заштитени зони, а ќе се направат и пречистителни станици - објаснуваат од градската управа.

Оттаму додаваат дека студијата треба да предложи мерки за развој на туризмот во овој дел, да се изградат автокампови, хотели, туристички населби и комплекси, како и куќички за одмор и рекреација. Ќе треба да се изградат нови улици, мостови и паркиралишта.

Од градот не прецизираат кога би почнале да го уредуваат овој простор и колку би траеле градежните работи. Г. Т.

1 comment:

Anonymous said...

Hi! Just want to say what a nice site. Bye, see you soon.
»

Blog Archive

Site Meter