Search This Blog

Friday, June 30, 2006

Влада без малите партии

Влада без малите партии .Тоа е желба на големите партии за овие избори, за да можеле големите партии лагодно да ги остваруваат програмите изборни!!?

photo
Прашање е дали за граѓаните е добра ваква распределба на Пратеничките места. По мое длабоко уверување не.

Големите партии се менуваат на власт во “жална Македонија“ (проф.Марјановиќ-израз) веќе 15 години. И што направија. Ништо за народот а многу за себе и своите џебови.

За ова секако највеќе допринесува изборниот модел каде е многу висок прагот за да се влезе во делење на мандатите. Ако не се лажам прагот е 5 проценти. Е сега ова нема да се смени се додека не влезат во парламент мали партии и не го прилагодат изборниот модел на помалите партии.

Уствари најголема пречка за демократските процеси се централизмот во Големите партии и што партиите се всушност човек партии....

За ова повеќе размислува Утрински од денеска. Линк тука.

“..Бучковски и Груевски ги убедуваат граѓаните да не гласаат за помалите политички партии за да не бидат уценувани потоа..“

Обратно. Првите луѓе на НСДП, Тито Петковски, на ДОМ, Лилјана Поповска, па и неформалниот лидер на ВМРО-Народна, Љупчо Георгиевски, упорно го потенцираат значењето на гласот што ќе го добијат на изборите и ја форсираат тезата дека влегувањето на нивните партии во идната влада ќе значи поголема контрола и отчетност во работењето на големите партии..“

Искуството од досегашните избори потврди едно правило за нашите пратеници. Тие лесно и за мали пари се поткупуваат од водечката партија и се понашаат како сончогледи.

Ни нема спас од нашиве пратеници и незнам кај е излезот од сето ова...

No comments:

Blog Archive

Site Meter