Search This Blog

Saturday, June 24, 2006

Катастар

Незнам какво е кај вас чувството кога ке го слушнете зборот Катастар. Кај мене кога ке чујам збор катастар веднаш ме асоцира на бројните афери кои произлегуваат од работењето на Катастарот.

Минатата директорка на Катасторот е осудена само една година за една афера со куќата на семејството Георгиевски. Плати за да не лежи затвор. Па после пу, пу - рече уставен суд не важи законот. И сега веројатно старата директорка психолошки се спрема да издржи тортура на затвор од година дена. Но за тоа веројатно е добро наградена - се виде од семејната куќа која свежо беше направена. Е сега може грев ке ме фати - можеби парите за куќата на старата директорка се најлегално заработени од тешката работа...

Но не ми беше збор Директорката на Катастарот во старата влада туку новата - која истотака продолжи со афери. Колку афери а нејзиното место не се затресе. Уво не и чуе. Еве денешно Време вели дека оваа Директорка на Катастарот ја има прошетано пола Европа т.е. прошетала најмалку 18 земји за време на нејзиниот три и полгодишен мандат.
Линк тука.

Како и да е моето личноискуство со катасарот е грозно. Вадење на имотен лист за стан што фамилијарно го поседуваме веќе 50 години ме кошташе две годишно врткање по ходниците на Катасарот. Онака си викав има ли спас. Се пупев низ малите прозорчиња кои се отвараа кога ке им завршесе паузата за ручек, па кафе паузата, па додека да заврши работа човекот што влегуваше преку ред директно во канцеларијата.

Постов требаше да заврши тука но барајки слика за Катастарот налетанв на еден стар напис на Вест 0д
Број:1301 Сабота 10/30/2004

КОРУПЦИЈА И ЈАВАШЛАК ВО КАТАСТАРСКАТА УПРАВА
Дувло на аздисани службеници


.. Кој нема работа во скопскиот Катастар во Тафталиџе, нека не влегува. Оние, пак, што мораат да влезат, Господ нека им е на помош. Ако човек не го удри инфаркт на самото место од безобразните, па дури и агресивни вработени, тогаш или ќе му се качи притисокот или ќе заврши на седативи..“

“..
Во оваа државна институција етиката и правилата за добро однесување за голем процент од вработените не постојат. Службениците со странките комуницираат со "бе" и "мори", а не се изненадување ни многу погрди квалификации..“

“..
Редиците почнуваат уште кај главната врата каде што е шалтерот за имотни листови. Тука се чека и по еден саат, а важи за најбрзо завршена работа во Катастарот. Луѓето, натиснати еден до друг, си дишат во врат, се туткаат, но сепак, од немај-каде, трпеливо чекаат..“

“..
Веднаш до шалтерот за имотни листови е архивата каде што се примаат сите барања од граѓаните. Таму ужасот е уште поголем, бидејќи се примаат разни барања и документи, а работи само една службеничка. А неа, ако е во добрите, може и нешто да ја прашате, и да ви одговори. Но обично е зафатена со правење приватни муабети на фиксен или на мобилен телефон..“

“..
Спроти архивата се шалтерите за информации и обработка на барањата од сите скопски општини. За секоја општина има посебен шалтер, а внатре работат по 3-4 службенички. Иако е забранет влез за странки, оние што немаат врски и чекаат надвор пред шалтерот не можат на ред да дојдат за некоја информација, зашто канцеларијата внатре им е полна со "нивни луѓе". Ако некој се побуни до кога ќе чека, добива уличарски одговор од типот: "Што сакаш?"..“

“..
Заканите од граѓаните од типот "ќе те дадам на дисцилинска" не ги плашат, напротив им се главен виц. "Ма какви, никој ништо не ми може, разбра?!", редовно се силат. Или: "Слушај, ај напушти ја канцеларијава".
Нивните имиња и презимиња се тајна за граѓаните. Иако се државни службеници, на реверите не носат службени легитимации..“

“..
Директорката Јакимовска, која е од редовите на ЛДП, две години само во празно зборува дека ќе воведе ред, дека ќе ја спречи корупцијата која и самата официјално призна дека ја има, ќе модернизира европски, ќе воведе компјутеризација...“

“..
Коментарот на вработените е дека Катастарот е пред вистински колапс. Признаваат дека има невиден башибозук, но велат, на Катастарот му фалат организација и вистински луѓе на вистинско место за да го вратат угледот на оваа институција, чиј кредибилитет го докрајчи случајот "Вила Водно", за кој в затвор завршија неколку службеници на чело со ексдиректорката Тања Митровска..“

“..
Поради зачестените патувања на раководителите и на поголемите службеници во Катастар изминативе месеци, вработените на смешка оваа институција ја прекрстија во "Геотурс". Целта на патувањата се семинари, и тоа на големо, во земји како Шпанија, Австралија, САД, Турција, Унгарија, Португалија. А бидејќи семинарите траат и по неколку недели, фрчат и дебели дневници. Бисера Јакимовска, директор на Републичката геодетска управа, на прашањето што научиле раководителите од семинарите, вклучувајќи ја и неа самата на оние на кои била, кажа само дека нема време неделава за средба со медиуми..“

No comments:

Blog Archive

Site Meter