Долг пат за Балканците
Балканските земји, со исклучок на Романија и на Бугарија, ги чека долг пат до членството во Европската Унија, оцени претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, во интервјуто за австрискиот весник „Клајне цајтунг“.Тој потсети дека одлуката за прием на Бугарија и Романија во ЕУ е веќе донесена, додека за Хрватска нема противење за нејзино членство во јавноста на ЕУ.
Ова погоре е извадок од написот на Дневник: Крената рачна за проширувањето и за уставот
Сега ние ке реагираме дека ЕУ не не сака (и малку и ке плачеме).Се прашувам дали можеме да ја обвиниме за лицемерие. Бугарија, Румунија и Грција со Кипар се Православни држави и не држи вода да ја обвинуваме ЕУ за тоа дека е клуб на Католички држави, како што тоа турците го прават. Повеќе некако може да држи вода дека ЕУ е клуб на Христијански држави - и некако како да се противи на влезот на една типично Муслиманска држава - како што е Турција.
No comments:
Post a Comment