Изворно написот во Дневник прочитајте го тука.
МАНУ се огради-Идентитетот ни е македонски, а не славомакедонски
-Академик Радован Павловски: “..Ако е во ред ословувањето славомакедонски, тогаш значи може да бидеме нарекувани и бугаромакедонски и србомакедонски, албаномакедонски, зашто сите тие ги имаат словенските елементи. Една неверојатна перфидна игра..“
-Академик Блаже Ристовски: “..нашето национално и државно име не е уставно, туку тоа е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во Македонија се појавија различни, главно однадвор инфилтрирани, мислења за македонската етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот културно-национален развиток низ историјата. Македонската академија на науките е навистина должна, независно од државно-политичките ставови што најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат, да се изјасни за овие и за сличните прашања. Повеќепати сум го поставувал тоа прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја. Зборуваме словенски јазик како писменост наследена од солунските браќа Кирил и Методиј и особено од охридските светители Климент и Наум. Но, ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име..“
-Академик Ташко Георгиевски: “..Македонецот не може да биде славомакедонец. Ваквите ставови не само што се штетни туку се апсолутно неприфатливи..“
-Академик Божин Павловски: “..најголема навреда за Македонците од дијаспората е некој да ги нарече славомакедонци. Тие веќе втора деценија се борат со грчката пропаганда, заради тоа што не' нарекуваат славомакедонци..“
-Претседателот на МАНУ, академик Грозданов: “..ставот на Ќулафкова не е став на Академијата. Македонците се само Македонци, а не славомакедонци. Ставот дека атрибутот славомакедонски е признание за македонскиот идентитет, а што го кажале академици од МАНУ, не е официјален став на Академијата. Катица и Старделов се личности и автори што имаат право на свои ставови. Вонредно собрание на МАНУ - на кое би се дискутирало за објавената монографија од грчкиот издавач - нема да биде свикано, зашто Антологијата нема моќ да го наметне името славомакедонци за македонскиот народ..“
За ова прашање еве ви ги линковите и од предходните два поста. Тука и тука.
No comments:
Post a Comment