Search This Blog

Monday, June 05, 2006

Св. Константин и Елена шести дел

На интернет страната на Државниот архив на Република Македонија можете да ја преземете Монографија на Државниот архив на Република Македонија, која е прекрасно четиво самото за себе и во друг пост ке и посветам повеќе внимание.

Тука таа ми е интересна поради прекрасната слика од Центарот на Скопје непосредно пред земјотресот дадена на 83 страница од публикацијата.
Прекрасна фотка која многу убаво го обележува местоположбата на црквата св.Константин и Елена Мина која не го издржа катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 год. Како што пишував во предходните постови и оваа слика ми ја потврдува локацијата на црквата некаде меѓу двете кули кои се уклопени во ГТЦ.

Пред црквата во релативно малиот двор се гледа доста бујно зеленило кое веројатно потекнува од крошните на столетниот чинар кој беше спомнуван во предходните постови.

Ако кликнете на самата слика ке добиете слика со поголема резолуција и ке уживате уште повеќе во Старото предземјотресно Скопје.

1 comment:

Anonymous said...

Nice idea with this site its better than most of the rubbish I come across.
»

Blog Archive

Site Meter