Извонреден напис на Маја Михајловска во весникот Капитал, Број 302, 11.08.2005 со наслов:
Колку Македонија користи од вековното културното наследство
Не ни текнува како да заработиме од културното наследство
Написов е стар скоро година дена, но за мене и за оние ки не го прочителе е се уште актуелен. Топла препорака да го прочитате интегрално написот во Капитал. Кликните на горниот линк. Или тука
Јас сепак ке потенцирам некој делови од на Маја Михајловска и ке додадам по некоја моја мисла.
...Додека некои земји како Грција, Египет, Италија одамна научиле како од своето древно културно наследство да привлекуваат милиони туристи од целиот свет и на тој начин да остваруваат приходи кои завземаат значаен дел од нивниот БДП, Македонија која и самата е пребогата со најстари археолошки локалитети, споменици и приказни кои може да ги продава, ја пропушта шансата да го искористи тој адут...
Ова како да ми е препишано од мојата глава и ништо не би додал.
...Државата последниве 15 години очајно се труди да привлече странски инвестиции, да ја подобри состојбата на македонската економија, се носат економски програми, но нешто кое што веќе го имаме, никаде не се споменува. Тоа се потенцијалите на Македонија како туристичка дестинација, користејќи го неколку вековното културно наследство...
Досадно е да повторам, но истотака во сто одсто се слага со моето мислење.... Мислам дека една политичка партија во сегашните актуелни избори во својата програма вклучи нешто такво и предлага Министерство за Туризам и Угостителство. Партијата не ја споменувам како име за да не се свати како реклама за нив....
...Досега ниту една влада сериозно не ја поставила темата за бенефитот што Македонија може да го добие од културното наследство...
...На овие простори имало цивилизација уште многу одамна, кога на другите делови од светот немало никави услови за живот. Целата земја е како музеј. Низ целата земја има остатоци од стари цивизации и култури. Кога некој странец ќе дојде во Македонија и ќе ги чуе приказаните за античките македонци, за библиската земја Македонија во која почнало за се шири христијанството и писменоста, си заминуваат зачудени,...
...За разлика од кај нас, приказната за античка Македонија во Грција се продава на секоја улица. Бизнисот со продажба на сувенири, наплатата на карти за посета на културно историските значајни објекти, посебно организираните туристички тури за запознавање на традицијата и културата на античка Македонија се меѓу најпрофитабилните бизниси во Грција...
-влезниците за Самуиловата тврдина - инкасирани веќе многу илјади евра
-Музејот на Македонија -од продажбата на копии на музејските експонати, Музејот успева да обезбеди над половина од годишниот буџет.
Копиите од музејските експонати се продаваат како алва
Музејот на Македонија веќе со години изработува копии од музејските примероци кои одлично се продаваат. Во 1992 година започнале со изработка на по пет примероци од четири музејски експонати. Денес се изработуваат и по неколку илјади копии од над стотина предмети кои се изложени во Музејот. Сувенирите се продавале во изложбените простории, а од пред еден месец во склоп на Музејот е отворена специјална продавница. Овие предмети можат да се купат и во Феудалната кула во центарот на Скопје.
Подолу ке ви дадам слики кои самиот ги направив неодамна во влезот на Музејот на македонија а се однесувааат на копии од артфакти кои се продаваат како сувенири. Браво.
Националниот Музеј на Македонија располага со импозантна збирка од 60 илјади експонати, а копии се изработуваат само од стотина. Две вајарки работат на ова хонорарно.....
Во Музејот на Македонија најчести купувачи се странците и амбасадите кои заедно со сувенирот носат и дел од македонската историја, што е најголема промоција на македонската култура и држава.
Редовни купувачи се и државните институции, министерствата, кабинетите на претседателот и на премиерот. Порано, во недостиг од репрезентативни наши сувенири, на државниците и странските делегации им се дарувало чешки кристал и албански бакрорез.
Потребни се специјализирани институции за културен маркетинг
-културен маркетинг
-Министерството за култура и
-Националниот музеј
-музеологија
-Музејот на Македонија сака да биде преселен на плоштадот
-Шлемот од времето на Александар Македонски најчест подарок за странците
-Австрија повеќе вложува во развој на културата, отколку во одбраната
Навистина нема премногу што да додадам во овој инспиративен напис на Маја Михајловска
maja@kapital.com.mk
осем да кажам дека иако е стар скоро цела година не изгубил многу од актуелноста и вистинитоста на содржината.
Search This Blog
Thursday, June 08, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
June
(111)
- Влада без малите партии
- Писмото на античките Македонци
- МРТВ - претплата
- Јужниот бедем на Кале - пред паѓање
- Македонскиот јазик не постои !!?
- Пенали
- И Камбаните ги крадат
- Посмртен марш за Владата по втор пат
- Партнер за бриџ
- Мимикријата на МТ
- ЖЕШКО
- Пештера населена пред 50.000 пр. н. е - Здуње
- Хидроцентрали VS. Археолози
- Португалија мој фаворит
- Пасошко – 2
- Пасошко
- Држава без Крал не бидуе
- Невинашце - О.К.
- Ревизор
- Катастар
- Тоше - Бренд
- Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана
- Купување на Невладините организации
- Блогот и Јавното Мнение во Македонија
- Свадби без оружје
- Пукање во Изборите - втор дел
- Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)
- Пукање кај Рамстор - Предизборно
- Изгор лето – Кочан зима
- Новите пасоши
- Мајка Тереза
- Мафиите имаат свои држави
- Скопско културно лето - отварање
- Право на судење во разумен рок
- Сократова заклетва кај Археолозите
- Блог Пријатели
- Светско vs. СКОПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО
- Бора Бора
- Скупи, Стоби, Хераклеја
- Див Запад
- Појдете на журка во Кокино
- Штетните договори за Странските Инвестиции
- Македонски компјутер за 100 до 200 долари
- Широката постизборна коалиција
- Грижата на ЕУ за нашиот телеком
- Туризам и Црните листи
- 150.000 луѓе публика
- Ветувањата на Бучковски
- ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ - мајчинство, плодност, сексипил
- Милчо Манчевски
- Дволичноста на Европа
- Што ке биде ?1
- Благоја Марковски
- Предизботни инциденти ?!
- Си-Ен-Ен Промоција-Македонија
- Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)
- Ана Дурловски
- Операција во гаќи
- ДА - Блог ?!
- Славески Трајко - Блог
- ЕУ е клуб на Католички држави
- Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)
- Блогерите сакаат Фудбал
- Прљав веш
- Блогот на Никола Груевски
- Славомакедонија – Славомакедонци
- Ќерамидница
- Враќање на културното наследство
- Сорен Јесен-Петерсен
- Тампон Зона
- Македонија ја призна Црна Гора
- Груевки Никола
- "Кантер страјк" во живо
- Партијска Држава
- Дуваат некои нови ветрови на Балканот
- Продажба на државните акции во Телеком
- Јосип Копинич - НКВД
- Бучковски Владо
- Народот заслужува таква власт каква што ке си избере
- Денеска е Задушница
- Задушница и Духови
- И окарините ги продаваат
- Сите патишта водат кон Рим – дел први
- Како да заработиме од културното наследство
- Скопските Шалтери
- Добра сторија за Историја !
- Сепак проблеми со продажба на преостанатите акции ...
- Најсмешното предизборно ветување-лажење на СДСМ и ...
- Допродажба на Македонскиот Телеком.
- Алармантни настани се случуваат во Косово
- Дерењето на Телекомот продолжува
- Историја - Поимање на Историјата
- Монографија на Државниот архив на Република Македо...
- Св. Константин и Елена шести дел
- Св. Константин и Елена пети дел
- Св. Константин и Елена четврт дел
- Св. Константин и Елена трет дел
- Св. Константин и Елена
- Св. Константин и Елена
- Анализа на инвестиционата клима во РМ - БУНАРЏИК.
-
▼
June
(111)
No comments:
Post a Comment