Не случајно го одбрав овој наслов за денешниот напис на тема пукањето кај Рамстор, за што вчера се огласив со пост:
“Пукање кај Рамстор - Предизборно“
Со вакво однесување на предизборни улични тепачки и безредија, најпрвин во Албанскиот кампус (Имав пост за тоа линк види тука) а сега и во Македонскиот политички блок - прачаме порака до самите себе и до светот пошироко - дека сеуште не сме ги научиле лекциите за демократија. Дека и во наредниот период не очекува нестабилност и безредија и дека Евроинтегративните процеси се ставени во позадина на Партиските интереси за желба на гола власт во Македонија.
Со ова покажуваме уште во предизборието дека не сме спреми за мирни и демократски избори - нешто кое од нас ЕУ експлицитно го побара.
Нека ни е наздравје.
Околу деталите за вчерашните пукања кај Рамстор добар напис дава денешен Дневник. Линк тука.
Сепак ке акцентирам некои детали од написот на Дневник.
-Вистинска улична војна на активистите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, со истрели од огнено оружје и со масовни тепачки, се случила прексиноќа на улиците во центарот на Скопје.
-Двете партии вчера меѓусебно се обвинуваа кој ги предизвикал инцидентите и кој пукал од огнено оружје.
-Најголемата пресметка се случила кај Трговскиот центар „Рамстор“ каде што се нашле педесетина активисти на ВМРО-ДПМНЕ и седумдесет на СДСМ. Имало пукотници, а и едните и другите тврдат дека противниците употребиле калашникови.
-Седумдесет ваши активисти излегоа на терен и пукаа (Изјава на Груевски)
-Во ВМРО-ДПМНЕ неофицијално ги посочуваат луѓето на извесен „командант Коки“ од Карпош како главни во инцидентот, а велат дека на самото место присуствувале генералната секретарка на СДММ Тања Томиќ и директорот на Државниот пазарен инспекторат Никола Колевски.
-Од СДСМ веднаш излегоа со контраобвинување. Оттаму тврдат дека членови на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнале активистите на СДСМ што лепеле плакати.
-на местото на инцидентот присуствувале лица од Агенцијата за обезбедување „Лупус“, кои биле инволвирани во целиот случај. (ова вчера и самиот го јавив како шпекулација)
-За да се смири состојбата, решивме целосно да престанеме да лепиме плакати во Скопје и нашиот простор да му го отстапиме на ВМРО-ДПМНЕ.
-непосреден повод за инцидентот било прекршувањето на договорот помеѓу двете партии за лепење плакати педесет-педесет.
-Активистите на ВМРО-ДПМНЕ не го почитуваа договорот. Завчеравечер имаше обид да се сретнат водачите на групите за да се договорат, но не се оствари. Нашата група тргна да лепи плакати и да ги кине оние на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа на местата каде што требаше да има наши. Кај „Рамстор“ не' видоа припадници на ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така лепеа плакати. Дојде до тепачка. Набрзо се појавија и четири-пет коли,од кои излегоа Ален од Автокоманда, близок пријател на Урко, телохранител на Груевски, и извесен Глишо, сопственик на пералниц а инаку цариник. Тие двајца и уште еден човек извадија три калашникови и почнаа да пукаат, а ние возвративме со пиштоли - раскажува активистот на СДСМ.
Овие инциденти ги искорист да се огласи и Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана. Линк види тука.
Тој овој инцидент го искористи да не нарече Славомакедонци, за што свој коментар дадов во коментарите на мојот предходен пост. Линк тука.
Search This Blog
Friday, June 23, 2006
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Blog Archive
-
▼
2006
(586)
-
▼
June
(111)
- Влада без малите партии
- Писмото на античките Македонци
- МРТВ - претплата
- Јужниот бедем на Кале - пред паѓање
- Македонскиот јазик не постои !!?
- Пенали
- И Камбаните ги крадат
- Посмртен марш за Владата по втор пат
- Партнер за бриџ
- Мимикријата на МТ
- ЖЕШКО
- Пештера населена пред 50.000 пр. н. е - Здуње
- Хидроцентрали VS. Археолози
- Португалија мој фаворит
- Пасошко – 2
- Пасошко
- Држава без Крал не бидуе
- Невинашце - О.К.
- Ревизор
- Катастар
- Тоше - Бренд
- Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана
- Купување на Невладините организации
- Блогот и Јавното Мнение во Македонија
- Свадби без оружје
- Пукање во Изборите - втор дел
- Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)
- Пукање кај Рамстор - Предизборно
- Изгор лето – Кочан зима
- Новите пасоши
- Мајка Тереза
- Мафиите имаат свои држави
- Скопско културно лето - отварање
- Право на судење во разумен рок
- Сократова заклетва кај Археолозите
- Блог Пријатели
- Светско vs. СКОПСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО
- Бора Бора
- Скупи, Стоби, Хераклеја
- Див Запад
- Појдете на журка во Кокино
- Штетните договори за Странските Инвестиции
- Македонски компјутер за 100 до 200 долари
- Широката постизборна коалиција
- Грижата на ЕУ за нашиот телеком
- Туризам и Црните листи
- 150.000 луѓе публика
- Ветувањата на Бучковски
- ЖЕНСКИТЕ ГРАДИ - мајчинство, плодност, сексипил
- Милчо Манчевски
- Дволичноста на Европа
- Што ке биде ?1
- Благоја Марковски
- Предизботни инциденти ?!
- Си-Ен-Ен Промоција-Македонија
- Славомакедонија – Славомакедонци (трет дел)
- Ана Дурловски
- Операција во гаќи
- ДА - Блог ?!
- Славески Трајко - Блог
- ЕУ е клуб на Католички држави
- Славомакедонија – Славомакедонци (втор дел)
- Блогерите сакаат Фудбал
- Прљав веш
- Блогот на Никола Груевски
- Славомакедонија – Славомакедонци
- Ќерамидница
- Враќање на културното наследство
- Сорен Јесен-Петерсен
- Тампон Зона
- Македонија ја призна Црна Гора
- Груевки Никола
- "Кантер страјк" во живо
- Партијска Држава
- Дуваат некои нови ветрови на Балканот
- Продажба на државните акции во Телеком
- Јосип Копинич - НКВД
- Бучковски Владо
- Народот заслужува таква власт каква што ке си избере
- Денеска е Задушница
- Задушница и Духови
- И окарините ги продаваат
- Сите патишта водат кон Рим – дел први
- Како да заработиме од културното наследство
- Скопските Шалтери
- Добра сторија за Историја !
- Сепак проблеми со продажба на преостанатите акции ...
- Најсмешното предизборно ветување-лажење на СДСМ и ...
- Допродажба на Македонскиот Телеком.
- Алармантни настани се случуваат во Косово
- Дерењето на Телекомот продолжува
- Историја - Поимање на Историјата
- Монографија на Државниот архив на Република Македо...
- Св. Константин и Елена шести дел
- Св. Константин и Елена пети дел
- Св. Константин и Елена четврт дел
- Св. Константин и Елена трет дел
- Св. Константин и Елена
- Св. Константин и Елена
- Анализа на инвестиционата клима во РМ - БУНАРЏИК.
-
▼
June
(111)
No comments:
Post a Comment