Search This Blog

Wednesday, June 14, 2006

Ќерамидница

Никојпат не сум можел да сфатам зошто во Скопје мора да останат незавршени парцели и ругло во центарот на градот. Секаде каде сум шетал во светските метрополи има ругла и несредени места, но само во Скопје можете тоа да го видите и во самиот центар. Видете такво едно ругло е познатото Маџар мало и просторот пред Бивши Гранд хотел.

Такво ругло е и просторот околу старата железничка станица. Простород на островскиот дел кај комплексот на факултетите и да не набројувам понатака. Ги има многу. И се правило во Скопје не се исклуок.

Таков е и просторот на Ќерамидница. Демек градоначелникот на Гази баба се сетил на жителите на овој простор и им ветува чуда. Добар напис за тоа има во денешен Дневник. Линк тука.

“....Предвидени се 1.545 стана за вкупно 5.350 жители, големо основно училиште, градинка, комерцијални објекти и модерни сообраќајници....“


Јас само ке се присетам на една слика која ми остана во сеќавање од порано. А тоа е сликата на нашата сегашна Министерка за надворешни работи Илинка Митрева која како кандидат од таа изборна единица пред незнам колку години и не се сеќавам за кои избори стоеше на брегот на Вардар и со прстот покажуваше према керамидница и ветуваше....

No comments:

Blog Archive

Site Meter