Опис на Слободната Економска Зона "Бунарџик"
Вкупната површина наменета за изградба и развој на Слободната економска зона Бунарџик изнесува околу 159 ха.
Георафска положбаБунарџик се наоѓа на левата страна од автопатот Е - 75 - Скопје - Куманово, 10 км источно од главниот град Скопје. Местото има соодветна раскрсница на автопатот со врска во двете насоки. Автопатот е паралелен на железничката пруга Скопје - Куманово. Во местото Миладиновци на 500 м од локацијата има железничка станица. Аеродромот Петровец е лоциран на 3 км оддалеченост од локацијата. Главното пристаниште во Солун, Грција, е на само 250 км оддалеченост од Бунарџик.
Просторен концепт
Урбанистичкиот план на зоната е прикажан подолу:
Предвидени се три типа на парцели кои во основа треба да ги задоволат барањата на инвеститорот.
-
Мали парцели
-
Средни парцели
-
Големи парцели
Покрај овие парцели, предвидени се простори за заеднички потреби, со
ПоврШина од 1.86 ха и заеднички паркинг плац со површина од 0.50 ха.
На влезот на Слободната Зона се сместени заедничките објекти и паркинг плацот како и големите парцели. Малите парцели се сместени во северниот и крајниот источен дел на Зоната, додека средните парцели се сместени во централниот јужен дел на предвидената област.
Предложениот распоред е флексибилен како во однос на поделбата, така и во однос на сообраќајните области. Дефинирањето на сообраќајното решение и на градежните зони ќе биде определено со урбанистички проекти.
Основниот стратешки план за иден развој на зоната, е насочен кон инвеститорот и му овозможува слобода да изгради своја фабрика, администрација, магацин и други видови на објекти. Во таа насока флексибилноста исто така се однесува и на поделбата на теренот со можност да се комбинираат една или повеЌе парцели согласно со желбата на инвеститорот.
No comments:
Post a Comment