Најпрвин да изразам задоволство што Груевски или неговиот изборен штаб се осмелиле да отворат блог. И еве на новиот блогер најпрвин да му посакам добредојде во блогосферата и да му пожелам добри постови, голема посета и коректни коментари.
Ова некако како да го предвидов дека ке се случи во времето на отварањето на еден друг блог. Блогот на Макрадули. Тогаш во поздравниот пост до Макрадули реков
“... Храбар потег нема што...
Предлагам сите политичари од позицијата и опозицијата што имаат м**а, да се соочат со јавноста, да отворат блогови.
Линк види тука, или тука.
Но блогот на Груевски тешко дека можеме да го наречеме сега за сега како блог. Зошто?
- Најпрвин затоа што не се овозможени коментари. Разбирам дека Груевски нема да има време да дава одговори на Коментарите на неговиот блог и на Прашањата кои ке му се поставуваат. Но затоа верувам има солидна екипа од партијата или од изборниот штаб кој ке го прави тоа во негово име како негов БЛОГ ПОРТПАРОЛ.
-Понатака ова што го дава како пост е само Интервју кое најпво е старо а за нас Интернетџии не е проблем да го прочитаме и од сајтот на ВМРО-ДМПНЕ.
Го има на тука. А јас и самиот го дадов во мојот пост за Груевски . Види го линкот под реден број 4 од посочените линкови за Интервјуата на Груевски.
Благодарност до E-Lady која ми ја даде информацијата дека Груевски отворил блог. Линк тука.
No comments:
Post a Comment