Храбар потег нема што...
Предлагам сите политичари од позицијата и опозицијата што имаат м**а, да се соочат со јавноста, да отворат блогови.
Блогови отвараат сите европски политичари кои држат до себе..
Вака со овакви нов вид на блогери за наши прилики, ке се оствари зголемување на понудата на Македонскиот Интернет со Македонски содржини...
Назив на богот на Господин Макрадули е - Наша шанса
1 comment:
Пошто ми е докажан љубимец, господинот Макрадули - тоа го знаат сите што го читале мојот блог - искрајно се израдував на појавата на неговиот блог.
Така израдуван - вчера можеби претерав со постови кај неговиот плог - но не издржа срце јуначко на подадената шанса...
Еве тука ги пренесувам сите мои постови од вчера кај него :
2006.04.09. Nedela - 1
Најпрвин да те поздравам - да ти пожелам успех во Македонската блогосфера.
Искрајно ме чудеше дека СДСМ - тупаницата за Интернет проблемите досега не се вклучи активно во Македонската Блогосфера.
Денеска сосема случајно го пронајдов твојот блог и морам да кажам дека се израдував!! :)
Си велам е конечно некој храбар од СДСМ - да излезе на отворено поле и да ги трпи критиките на останатите “неписмени“ блогери, како што самиот во твојот уведен пост сакаш да ги преставиш сите други.
Иако мислев во овој комент само да те поздравам и да ти пожелам успех во блогерскиот Македонски живот - сепак нема да издржам да не нафрлам некои свои видувања.
Најпрвин не ја варам вашата идеја (заеднична на СДСМ и ВМРО - дека народот Македонски е или СДСМ - овец или ВМРОВ-ец). Заборавате дека Македонскиот народ е претежно неопределен - види ги и самиот процентите на неопределенитегласови.
За политиката тука толку од мене - само несакам по замислена дефиниција во вашите глави лушето да ги делите на вакви или такви ОВЦИ.
Највеќе од се се плашам дека брзо ке не напуштиш - во блогиранјето...
Но паметен си ти начитан, прошетан интелектуалец и знаеш дека ниеден западен политичар што држи до себе не е без свој блог.. Значи кога тогаш сите македонски идни сериозни политичари ке мора да си отворат свои блогови, па макар постовите им ги пишувале и службите - се разбира не дека не знаете да пишувате - туку затоа што ке немате доволно време да го задоволите јавниот интерес.
Се радувам дека не морам да одам во собрание да ти предлагам пратенички прашања. Вака ми е полесно а и јавно е.
Значи во овој пост СЕ НАЈУБАВО.
2006.04.09. Nedela - 2
Господине Макрадули
“..колку Интернет корисници има во Македонија? Колку напредок е направен на тоа поле? Секогаш истата расипана плоча, 4% Интернет корисници, подобри само од Албанија и БиХ..“
Малку касниш со темиве, но не е ни чудо Сајтот на КИТ спие веќе шест месеци заедно со тебе. Таму ништо не се случува. Ти сеуште си изгледа во филмот на морињата и китовите...
Оваа тема е дискутирана овие неколку месеци на повеќе блогови, форуми и прес конференции. Ако не ги знаеш местата кажи на друг пост ке ти ги дадам.
Никој од нас не сака да ги брои Интернет корисниците. За тоа е задолжена власта и специјализираните агенции на власта кои ги трошат нашите пари.
За жал по тебе а и по нас, власта и агенциите ги мешаат картите и пуштаат информации за ИП (интернет пенетрацијата) зависно од тоа што сакаат да постигнат.
Ако сакаат да дадат високи бројки се повикувате на една “сериозно“ истражување на Државната статистика. Кое е фантомско. Ако не е дај линк за него... Се повикувате на разни агенции кои по ваша желба вршат “стратешки испитувања“.....
А кога се приморани да ги дадат реалните бројки даваат други проценти – Пред ЕУ. Или види го документот на ЦИА. Фактите....
Господине Макрадули по законот за ЕК (електронски комуникации) надлежен за прибирање на податоци од ИСП компаниите е АЕК. Кај АЕК се сливаат месечно податоци од сите ИСП компании. Па ваљда знаат собирање тие таму во АЕК. И така сите нивни информации по законот за ЕК, АЕК треба јавно да ги објавува на нивниот сајт.
Моето барање е просто. Бидејки АЕК одговара само пред парламентот, ти како актуелен пратеник, поведи иницијатива да АЕК јавно го објавува бројот на интернет корисниците во Македонија. За ова се слага и најголемото ИСП – МТ.нет. Прашај ги!!
2006.04.09. Nedela - 3
Господине Макрадули
Од примерите што ги споменувате , во вашиот топик не гледам бројки за ИП.
Тоа се само Македонски содржини на интернет. Е-ова, е-она и слични сајтови, за кои никој не спори дека не требаат....А ни давате содржини за фалби према Македонските стуктури...
Кога сме кај Фалбите, дали сте запознаени кои се едни од пречките за евро интегрирањето, кои во неколку писма јавно ви ги праќа ЕУ... Веројатно сте запознаени но гледам не ги споменувате. Ако сакате линкови ке ви пуштам во друг блог. Но знам дека ги знаете, само ги премолчувате...
“..Согласно последната агенда на пактот за стабилност, Република Македонија ќе биде промовирана за лидер во информатичкото општество во регионот...“
Кумановци викаат “к‘д ќе си га виду тил „
А со тоа лидери го утупевте, почнувајки го Георгиевски. Доста ни е од Лидери за ова, лидери за она... Заборавите го тој израз...
“..Но за жал, Македонија често била заложник на квази експерти, проследен со дефитизам..“
Зошто имаш потреба да ги вреѓаш луѓето што не ги познаваш, и одма им лепиш етикети ??!!
За партиите не лепи етикети – луѓето не ги познаваш ?? погоре се изјаснив за партиите....
“..а таму приоритет број еден е квалитетот на сервисот и услугата, ниската цена на услугите не е во првите три приоритети..“
Господине Макрадули ова се коси со твоите изјави, кои успеав само делумно да ги дадам на мојот блог. Види линк подоле
Што добивме од Макрадули Јани во изминатите 4 години
http://volanskopje.blogspot.com/2006/02/4.html
Околу пенетрацијата види што стои на веб страната на владата
Основни податоци за Република Македонија
http://volanskopje.blogspot.com/2006/03/blog-post_114302730031873217.html
2006.04.09. Nedela – 4
Господине Макрадули,
КИТ , ова КИТ она.
Кит спие од 28,09,2005. Тогаш е последното случување, ви дете сами на сајтот на КИТ
http://www.kit.gov.mk/default-mk.asp
“..За помладите генерации не сакаш да дебатираш па успехот на Мк Connect не го вреднуваш. - активната политика во областа на либерализација донесе странски инвеститор во интернетот (засега) - да ги споредиме цените на Интернет во Европа (само за Интернет Информатичкото општество е наша шанса и секој е добредојден и тие искрените и тие со зајадливи коментари, на е-револуцијата се приклучувам но со аргументи и без навреди (согласно куќниот ред во овој блог) Со почит ЈМ..“
Пошто ја почитуваш е-револуција која уствари е р-еволуцијаеве ти еден линк од таму што таму е пишано за успехот на Мк Connect, уствари неколку линка
All hyped out
http://revolucija.blogspot.com/2006/03/all-hyped-out.html
Прес за проблемите со wifi-то на ОнНет
http://revolucija.blogspot.com/2006/02/wifi_27.html
Краток курс за либерализација
http://revolucija.blogspot.com/2006/02/blog-post_22.html
Писмо од Шошенк
http://www.blogger.com/comment.g?blogID=17344920&postID=113978054394271476
А од името на луѓето кои пишуваат на р-еволуција, бидејки велиш ја подржуваш – јавно те покануваме да постираш таму....
2006.04.09. Nedela – 5
Господине Макрадули
“.. владата префрли доста средства на МАРНЕТ за зголемување на линкот и поврзување со соседните научно-истражувачки мрежи..“
Во колизија сте на истиов пост. Пред малку рековте дека владата не плаќа....
Кога сме кај буџетските пари – Дали знаете колку имате ветено на ЕУ буџетски пари за подобрување на Интернетот во Македонија, а колку навистина се двои од буџетот. Бидејки знам дека знаете не ви давам линк. Ако пак сте подзаборавиле кажете - во друг пост ке ви дадам линк...
“.. А за тоа дали може да е бесплатно ќе напишам посебен текст...“
Со нетрпение го очекувам...
Само незнам како ке парирате со преголемите ветувања на госп. Груевски, кои ги даде јавно во емисијата на Јадибурек и Интервјуто кај Геровски...
Господине Макрадули
“.. АЕК добива од компаниите број на корисници кои компаниите ги имаат. За жал бидејќи е тоа поврзано со некои нивни давачки никогаш нема да се дознае точната бројка..“
Не гледам во што е проблемот, јас и не само јас (ви велам и МТ.нет се изјасни дека го сака овој број на Интернет страната на АЕК) го бараме бројот што ИСП компаниите го пријавуваат кај АЕК.
А дека има сива економија, не е тајна – но одговорноста за тоа не е на граѓаните туку на актуелната власт.....
Замислите колку е значаен податокот за Даноцната испекција за разликата во бројките.... Па нека работат институциите, не само гладиот народ да го бркаат по пазарите искочени со нешто во рацете, за да продадат и купат тој ден леб...
“.. Заводот за статистика е одговорен за бројките од било која област..“
Неколку пати повеќето од луѓево што ви се јавија тука ви бараа линк од заводот за статистика со бројките. Се додека не го дадете, сметаме дека е тоа некоое фингирање...
“.. Власта, само што се подразбира под тоа?, никаде во свет не ги брои корисниците, за тоа има посебни и специјализирани институции...“
Господине Макрадули - АЕК не е власт, тоа по законот за ЕК е независно тело и е специјализирана институција...??!!
Оваа обврска АЕК ја има и по законот за ЕК и по нивниот статут...
Па кога веќе ги имаат бројките, зошто се тајни ??!!
2006.04.09. Nedela – 6
Госп.Макрадули
“..Јас напишав во коментар дека текстот е колумна која не е објавена во Дневник и е предизвик за коментар, а не навреди. Таа е одговор на три колумни во дневниот весник Дневник. Бидејќи не го објавија, во духот на транспарентноста се решив да го дадам на увид на блогерите..“
Морам да кажам дека не верувам дека ви одбиле напис во Дневник – Зарем толку ви падна рејтингот.... Но како и да е ако тврдите сепак ви верувам или би сакал да верувам...
Post a Comment