Утрински Број 2064 вторник, 25 април 2006
Ако се има предвид дека Македонскиот просек на платата е малку повеќе од 220 евра месечно, а во некои европски земји тој изнесува околу 1.000 евра, лесно може да се заклучи дека Македонија е далеку зад европскиот просек на месечни примања.
Најниска загарантирана плата во европските земји, според ФедЕЕ, има
-Украина - 55,5 евра
-Бугарија 81,8 евра
-Романија 97 евра
-Србија 91 евра
-Латвија 128 евра
-Унгарија 247 евра
-Хрватска 282 евра
-Грција 658 евра
-Луксембург 1.503 евра
-Ирска, 1.326 евра
-Велика Британија, 1.272 евра
-Холандија, 1.272 евра
-Франција, 1.217 евра.
-Австрија, Данска, Финска, Германија, Италија и Шведска немаат одредено загарантирана плата во државата, но во овие земји има колективни договори по дејности во кои е одредена максималната висина на платите на поголемиот број вработени. -Меѓународната организација на трудот, пак, ИЛО, го има утврдено минимумот на платата за сите европски работници и тој изнесува 500 долари месечно.
Во Македонија нема утврдена загарантирана плата на ниво на држава.
-За вработените во јавниот сектор Владата и Синдикатот утврдија минимална плата од 5.060 денари - 83 евра
-Се уште не е утврдена загарантирана плата за вработените во стопанството и покрај притисоците од страна на Синдикатот за потпишување на Колективниот договор за стопанството.
-Според најновите статистички податоци на Државниот завод за статистика, во јануари годинава нето-платата изнесува 13.328 денари (просечна) 214 евра.
Во Македонија не се исплатува плата според утврдена саатница, ниту дневница.
Утврдена висина на дневница има само за службени патувања и таа е одредена во "Службен весник".
Висината на платите во приватниот сектор се утврдува според договорот за работа, додека во државните и во јавните институции се пресметува според утврдените коефициенти во колективните договори.
За платите во МК, пишував и порано
No comments:
Post a Comment