Научивме ли да ловиме риба?
Голема дискусија се развиват околу слепата послушност кај сите наши последни три политички влади према ММФ и Светска Банка. Нашите Бренд-Економисти, предупредуваат дека послушноста на владите према ММФ и Светска Банка, не води во евидентен напредок на Државната економија....
Дебатата за корисноста од аранжманите со ММФ и Светска банка е неспорна во делот на конзистентните макроекономски политики.
-Увезениот кредибилитет на кој почива кредибилитетот и на секоја Македонска влада до сега (сетете се само како се фалат пред гласачите дека имале склучен аранжман) си ја одигра својата улога во политичка економија.
-Основниот проблем е што во Македонија не се прави разлика на потеклото и контролата на капиталот и доброто управување (гоод говернанце) .
-Во Македонија домашните приватни инвеститори допрва се создаваат.
-Кај нас акумулацијата на капиталот не е природна.
Прашањето што природно се наметнува е до кога донаторите ќе трошат средства во Македонија. Станува збор, значи, за донаторската зависност, односно за приказната за ловење риба.
Досега сите економски политики се сведуваа на политиката на макроекономска стабилност. Се проектира економски раст без да се води сметка за реалните капацитети на теренот, за административниот човечки капитал за спроведување на проектите, за недостигот од институции со кредибилитет, што може да резултира со поизразена нееднаквост на граѓаните, со сиромаштија и со несоздавање нови работни места.
Има ли Македонија алтернатива? Можеме ли да се избориме за партнерски статус, со можност за замена на зависноста со сопствен кредибилит за мобилизација на ресурсите? Која е улогата на владата, а која на цивилниот сектор во овој контекст? Веќе се зборува за промена и на ММФ и на Светска банка за прилагодување кон новата околина. Како ќе се изврши таа промена? Кој ќе биде шампионот на промената? Многу интересни акции и идеи ја загубија целта, како на пример концептот на одржлив развој, едноставно бидејќи многу глобални цели треба да се остават за одлучување, односно да станат приоритет на локалните институции - на оние што треба да научат да ловат риба.
Во оценката на оваој напис интересна мисла кажа “волонтер“
За промени, биле тие и економски, потребна е жива сила, критична маса, школуван кадар (без интервенции на мама и тато), луѓе кои мислат со своја глава.
-А таквите ги избркавте од државава, откако пробавте да им го свиткате 'рбетот, волонтерски вадејќи им ја маста или наведнати над шалтерите на бирото за вработување.
-Се прашал ли некој кој работи по т.н. центри за анализи, стратегии, невладини организации? Татини и мамини, а со нив ниту ќе има промени, ниту ќе мрднеме чекор понапред.
Тие што вредеа си ги зедоа државите што мислат на својата иднина.
No comments:
Post a Comment