Search This Blog

Wednesday, April 19, 2006

Почнува “Геноцидот“ врз невработените во РМ

ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА-Почнува бришењето на 76.000 невработени

Ни на сон не можев да поверувам дека вакво нешт може да прави влада против својот сопствен народ....

Владата завчера дозволи од списоците со невработени во Агенцијата за вработување да бидат избришани над 76.000 лица

Според директорката на Агенцијата за вработување Јасминка Делчева-Диздаревиќ, кога од евиденција ќе се избришат 76.000 лица, бројот на невработените во земјава ќе се намали од 358.000 на околу 282.000.

2 comments:

bezvrska said...

Потегов изгледа многу насилнички во сегашниот амбиент, ама до негде е оправдан. Има луѓе што заработуваат непријавено, водат луди коли а се водат како невработени и примаат државна помош. Едина фалинка е што со ваквиот потег е поверојатно да ги избришат оние на кои навистина им треба помош одошто паразитите.

Ако целта им е вештачки да го намалт бројот на невработени пред избори - нема да успеат. Статистички најрелевантна бројка за невработеноста не е евиденцијата на Агенцијата, туку анкетата за работна сила на Статистика.

Photo Volan said...

Мене ми е друга поентата, дека агенцијата се вика агенција за вработување, а не за евидентирање на невработени...

Впрочем на друго место кажав пак ке повторам. Треба да ги броиме вработените. Т.е. оние за кои се плаќаат доприноси, со посебен акцент колку се оние што се на ниво на минимални плати и доприноси...

Blog Archive

Site Meter