ОТКАКО УСТАВНИОТ СУД ИМ ГИ СКАСТРИ ПРИВИЛЕГИИТЕ-Пратениците ќе штрајкуваат за да не станеле стечајци
Тука смао ке ги наведам имињата на пратениците кои се осудуваат да коментираат одлуки на уставен суд - кои по дефиниција не се коментираат ??
-Јани Макрадули вели дека популизмот и политиката влегле и во Уставниот суд
-Слободан Чашуле дури и ги повика своите колеги денеска да штрајкуваат за да не им се случи по 5 јули да станат стечајци
-Жарко Караџоски смета дека Уставниот суд не им влепил шлаканица, бидејќи пратениците знаат што е Устав оти тие го донесле.
-Ганка Самоиловска-Цветанова од ВМРО-ДПМНЕ, која спротивно на партискиот став гласаше за законот, и понатаму смета дека пратениците треба да имаат одредени привилегии, бидејќи се најекспонирани на политичката сцена и најжешките политички прашања се решаваат во Собранието.
-Јанаќе Витановски од СДСМ смета дека треба да се донесе закон за Уставен суд, во кој ќе се каже како тој ќе работи, бидејќи како предлагачи на законот не биле повикани на расправата
-Исмет Рамадани од ПДП смета дека е потребен закон за пратеници за да се уреди нивниот статус
-Љупчо Јордановски рече дека ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд иако лично имал мала забелешка бидејќи на пратениците не им било дозволено да ги кажат своите аргументи. Уставниот суд треба да биде далеку од политиката и популизмот. Ако треба да градиме општество на еднакви стомаци, знаеме како заврши тоа
1 comment:
Со Законот за пратеници, кој се однесува и на претходните парламентарни состави, предвидено е дека парламентарците може да одат во пензија со 25 години стаж и 55 години старост за мажи, 52 години за жени и со две години поминати во парламентарните клупи. Пензијата е димензионирана на 80 отсто од платата (43.600 денари), односно околу 36.000 денари, или 600 евра.
Post a Comment