Search This Blog

Tuesday, April 25, 2006

Како и зошто се случи Чернобилската хаварија

Самоуверените инженери го испуштија чудовиштето од синџир

По сумирање на резултатите, научниците денес, 20 години подоцна, се согласни - виновник за катастрофата е човекот и неговата самоувереност. А еве како се случувало тоа.
-
Реакторот 4 на 25 април 1986 година требало да се изгаси заради рутински поправки, па инженерите решиле да го искористат тоа за да изведат тестирање. Иронично, тоа тестирање всушност требало да ја подобри безбедноста. Пумпите за ладење на реакторот зависеле од електричната енергија, па операторите сакале да видат колку долго турбините можеле да ја обезбедуваат потребна енергија за пумпите за ладење во случај да прекине напојувањето на електричната енергија.
-
Системот за ладење во итни ситуации бил намерно онеспособен, бидејќи инженерите не сакале да се вклучи кога пумпите ќе забават. За да се намали потребата за ладење, реакторот требало да функционира со мал капацитет, и покрај фактот дека реакторите од тој тип биле нестабилни при работа со мала моќност. Претходно имало два обиди за извршување вакви тестирања, кои не биле доведени до крај.
-
Реакторот имал два главни системи за ладење, исклучувајќи го помошниот, а секој од системите имал четири пумпи. Четири од тие пумпи биле напојувани од реакторот што требало „да се расипе“. Пред експериментот, со намалена моќ на реакторот и со сите осум пумпи во функција, протекот на вода ги надминувал дозволените нивоа. Тоа го намалило создавањето водена пареа, а вишокот вода исто така ги апсорбирала неутроните што излегувале од јадрото и поради тоа моќта се намалувала. Моќта на реакторот паднала на помалку од еден отсто од капацитетот, па операторите мануелно ги отстраниле контролните прачки за да го компензираат тоа намалување, ги исклучиле автоматските регулатори и на крајот го стабилизирале реакторот на планираните ниво за тестирањето.
-
Во еден момент биле користени само шест контролни прачки, а според процедурата, за да се задржи контролата, биле потребни најмалку 30. Во случај да има помалку од тоа, операторите треба веднаш да го исклучат реакторот.
-
Но, инженерите вршеле експеримент и таа одлука да задржат помалку прачки им овозможила да продолжат со тестирањето, иако знаеле дека се потребни 20 секунди за да се спуштат сите прачки - јаглеродни модератори и да се изгасне реакторот.
-Потоа биле исклучени двата генератори и тестирањето почнало. Пумпите за ладење ја забавиле работата, со што се намалил протекот на водата во јадрото и почнало да се создава поголемо количество пареа. Вишокот вода дотогаш апсорбирала неутрони, па создавањето џебови од пареа овозможило да се зголеми протекот на неутроните.
-Во 1.23 часот на 26 април, моќта на реакторот експоненцијално се зголемила, до 1.00 пати повеќе од нормалното. Контролните прачки не можело да бидат спуштени навреме во реакторот, горивото се прегреало и некои од прачките испукале.
-Резултирала експлозија, за која се смета дека главно била предизвикана од притисокот на пареата и хемиските реакции во соголеното гориво, поради што 1.000 тони тешкиот капак на јадрото бил разнесен. Втората експлозија ги исфрлила деловите жешко гориво и јаглен од јадрото во вис, поради што навлегол воздух, а тоа овозможило да се запалат јаглеродните контролни прачки. Тогаш во воздухот почнал да се издигнува облакот од радиоактивни фисиски продукти и други отпадоци.

No comments:

Blog Archive

Site Meter