Search This Blog

Wednesday, April 19, 2006

Таман што го научив магарето да не јаде, тоа умре !?

Совет од владата за заштита од високите цени на НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ-Помалку возете, помалку ќе плаќате

Еве како нашата влада го учи своето магаре да не јаде !!??

Министерството за финансии не прифаќа намалување на даноците и на акцизите за нафтените деривати за да не се нарушат буџетските проекции

Владата им порачува на граѓаните помалку да возат бидејќи не планира да ги заштити од високите цени на нафтените деривати.

Грчката влада ја контролира цената со договори со рафинериите.За слична мерка разговараат и владата на Хрватска и рафинеријата „ИНА“, од која се бара да се откаже од дел од маржата.

Нафтените деривати во земјава се најскапи во регионот и во Европа.Од завчера литар „премиум“ чини 69,50 денари (1,16 евра), безоловниот се продава по 66 денари (1,07 евра), а безоловниот „премиум“ по 66,5 денари (1,08 евра) за литар. „Дизелот“ чини 56 денари (0,91 евра).

Најевтини нафтени деривати на Балканот има во Бугарија. Таму литар безоловен од 92 октани чини 0,71 евра, безоловниот од 95 октани е 0,76 евра, а од 98 октани 0,95 евра. Дизелот се продава по 0,64 евра за литар.

Во Грција безоловното гориво од 95 октани чини 0,9 евра, а од 100 октани се продава по 1,006 евра за литар. Дизелот се продава по 0,88 евра.

Во Србија и Црна Гора безоловниот бензин од 95 октани чини 0,97 евра. Горивото „супер“ (кај нас премиум) се продава по 1,09 евра, а дизелот - по 0,8 евра.

Најблиску до македонските цени се хрватските.


No comments:

Blog Archive

Site Meter