Search This Blog

Friday, April 21, 2006

Велики Петок

Христос воскресна
Христос воскресе - навистина воскресе, е поздравот со кој од утре (се мисли на недела) секаде во светот ќе се поздравуваат православните христијански верници, одбележувајќи го еден од најголемите празници, Христовото воскресение - Велигден.

Биењето на црковните камбани вечерва на полноќ (сабота) ќе го означи настапувањето на празникот кој, според христијанското учење, ја симболизира победата над смртта, откако Исус Христос воскреснал од мртвите докажувајќи ја својата божествена моќ.

No comments:

Blog Archive

Site Meter