Search This Blog

Tuesday, April 25, 2006

Сабер-криминал во РМ

Македонските банки незаштитени од сајбер-арамиите

Македонските банки, интернет-провајдерите и Министерството за внатрешни работи ни оддалеку не се кадарни да се справат со сајбер- криминалците, утврдила во своето истражување „Вери сајн“, позната светска компанија за заштита од хакерите. Истражувањето во земјава било направено по барање на македонската канцеларија на УСАИД.
-
Среќа за банките и за граѓаните е што преку Интернет кај нас малку се тргува
-
Засега е познат само еден случај, кога неколку момчиња од Скопје со фалсификувани кредитни картички краделе пари од банкоматите на Комерцијална банка. Сериските броеви на картичките ги нашле на Интернет. Меѓутоа, полицијата ги откри од снимките на камерите поставени крај банкоматите, а не гонејќи ги преку Интернет.
-
Бидејќи македонскиот банкарски систем само во мал обем е онлајн, ризикот од крадците на сериски бореви на кредитни картички е мал и затоа Македонија нема такви банди на криминалци како Хрватска, Романија и Бугарија. Но, доколку дојде до напад, банките ќе бидат немоќни да се одбранат.
-
Фирмата „Вери сајн“ смета дека и македонските интернет-провајдери имаат слаба заштита од хакерски напади. За МВР, пак, се вели дека таму на сајбер-криминалот се гледа како на класичен криминал.

No comments:

Blog Archive

Site Meter