Search This Blog

Saturday, April 15, 2006

СДСМ=МИА=Нова Македонија

СПАСУВАЊЕ НА БРЕНДОТ или изборен бизнис-Владата со приватници ќе прави државен весник од „Нова Македонија“

-Владата планира да го врати весникот „Нова Македонија“ под државна капа. Во идната сопственичка структура ќе влезат и приватници, но Владата би имала златна акција, како гарант за заштита на брендот.

-Премиерот Владо Бучковски го поддржал проектот според кој државната информативна агенција МИА би го презела брендот на весникот „Нова Македонија“.

-Заинтересирани сме зашто имавме негативно искуство - со предавањето на брендот во приватни раце е загрозен дел од идентитетот на нашата држава. „Нова Македонија“ беше предвесник на современа Република Македонија како дел од поранешната СФРЈ и ние ќе се обидеме преку трансформацијата на МИА да го истакнеме нашиот интерес. Дали ќе има други заинтересирани, ќе видиме - изјави вчера Бучковски.

5 comments:

Photo Volan said...

-Управниот одбор на МИА донесе одлука да побара од Одборот на доверителите на НИП „Нова Македонија“ да ни го доделат брендот ако со тоа се согласи неговиот сегашен сопственик. Наша цел е да се зачува првиот весник на македонски јазик по примерот на државната грижа за „Вјесник“ во Хрватска. Не е невообичаено државата да е сопственик на весник. Во тој проект МИА би влегла со деловен простор, новинари
-Деловниот простор со површина од околу 300 квадратни метри би се обезбедил на четвртиот кат од поранешната зграда на НИП-от, која е државна сопственост. Државата не би била доминантен сопственик, но би ја имала „златната акција“, со која ќе обезбеди заштита на името на весникот.
-Како почеток на овој проект Владата вчера, во присуство на нотар во својство на сведок, донесе одлука за преобразба на Јавното претпријатие „Македонска информативна агенција“ во Акционерско друштво во државна сопственост. Владата донесе одлука со која го усвои и Статутот на МИА.
-Договорот со сопственикот на брендот на „Нова Македонија“ може да се раскине бидејќи во него има одредба со која тоа може да се направи ако весникот „не се унапредува“. Раскинувањето на договорот може да се направи еднострано и нема потреба за судска постапка. По враќањето на брендот, Одборот може да го продаде со тендер или со непосредна спогодба со заинтересираните.

Photo Volan said...

Неколку поста по ред посветувам на тема, дека СДСМ планира со наши пари да си направи партиски весник.

Зоран Иванов, директор на агенцијата МИА - мислам дека Зоран беше портпарол на една од владите на СДСМ. Значи партиски војник на СДСМ.

Anonymous said...

Секој весник во државна "грижа" е само алатка на некоја партија. Иако поимот "Слободно новинарство" во Македонија е предефиниран во "Партијско новинарство", ова е премногу.

bezvrska said...

Ако де, нека си направат весник. Луѓето се навикнаа да ги толкуваат информациите од медиумите низ призма на сопственикот/идеологот. Ни стана навика да пондерираме и филтрираме вести.

Мене ме интересира само она фамозното: Како се трошат моите пари? Ко за беља, тоа е едно од оние прашања што не заслужуваат одговор.

Photo Volan said...

Абе нека направат весник, ама нека испружат свои пари...

Колку пак се тоа нивни - свои пари е друго пршање...

Blog Archive

Site Meter