Search This Blog

Wednesday, April 12, 2006

Цицање на големо од Малото стопанство

НЕМА ПРЕЦИЗНА ЕВИДЕНЦИЈА НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ-Фирми духови го движат стопанството
УЈП неодамна поднесла прекршочни пријави за околу 7.000 фирми поради непријавени завршни сметки, а тие воопшто не биле активни.

На крај на секоја година власта ги цица парите од малите стопанственици - кои поради немање на работа воопшто и не се активни.

Осем за неподнесување на завршни сметки, се товарат иако немале активност и за таканаречените “Фирмарини“....

Секако со ова не се дава простор да здивнат Малите стопанственици на кои не им оди.

Има една прикаска за турците кои 5 века собирале данок на нашиве простори. Пред да почнат да собираат данок тие праќале емисари да видат, како живее рајата. И ако Извештаите се поволни - демек добро живее рајата - данокот се наплатувал, без простување за никого. Но ако видат емисарите дека рајата живее лошо - власта ги оставала да ја преживеат годината за да може во идната година да собираат данок....

Нашата власт ги тепа само малите стопанственици а шурува со големите....

“..
Експертите тврдат дека речиси половина од околу 170.000 регистрирани деловни субјекти во земјава се неактивни..“

Од Управата вчера потврдија дека најголем дел од пријавите се поднесени за неактивни фирми.

Без разлика дали фирмата е активна или не, сопствениците се должни да поднесат завршна сметка. Во спротивно, треба да платат казна - сметаат експертите.


Според податоци од Заводот за статистика, до први јануари годинава во земјава се регистрирани 175.557 деловни субјекти. Најголем дел од нив се претпријатија, трговски друштва и трговци поединци. Дури 90 отсто од нив се приватна сопственост.


No comments:

Blog Archive

Site Meter