Search This Blog

Monday, April 24, 2006

Игрите околу ИНГ

Пропадна дилот што победа значи

КОЈ ЈА ОДВРАЌА ИНГ ОД МАКЕДОНИЈА?
-ИНГ. Оваа банкарска групација беше последниот инвестициски лост за кој се фати коалициската Влада на СДСМ, ЛДП и ДУИ. Таа банка поврзуваше неколку важни моменти за иднината на оваа коалиција, па и воопшто на Македонија.
-
Во услови кога земјава остана на последно место по инвестициите, невработеноста (освен вештачки) не се намали, а оценката за бизнис-климата не се подобруваше, ИНГ можеше да биде замаец за создавање нов бизнис-амбиент.
-
Но, влегувањето на еден ваков познат банкарски бренд некому му пречеше повеќе одошто му требаше на имиџот на Бучковски.
-
ИНГ во Македонија се соочи со институционална блокада на повеќе нивоа, во вториот и третиот ешалон на власта. Не е исклучена можноста и дека луѓе од монетарната власт пратиле скриен сигнал до ИНГ дека не е пожелен во земјава.
-
Упатените во целата работа тврдат дека ИНГ се откажа од Македонија под силен притисок на банкарските лоби-групи и бизнис-олигарсите, кои не сакаат странични играчи во својот македонски атар.
-
Познавачите сметаат дека групацијата околу Хари Костов во Комерцијална банка се уште има многу силни инсталации во речиси сите пори на власта, па оттаму се верува дека олигарсите акционери, а во исто време и дел од управувачкиот борд на оваа банка, се главните противници на влезот на силната ИНГ, се разбира со логистичка поддршка на старите директорски кадри и на другите помали банки.
-
Она што ги исплаши домашните играчи е дека во исто време холандската банка ќе земеше огромен дел од колачот на постојните банки - од најголемите, од Комерцијална, Стопанска, но и од помалите,
-
Сетете се на предновогодишната изјава на еден моќен банкар (Хари Костов,з.м.) дека земјава нема да биде подготвена за странски банки уште најмалку две години?!“
-
Актерите во оваа пресметка би се нашле во две групации, едната на најголемиот политички губитник од оваа кризна ситуација (Бучковски, кој на своја страна би го имал министерот за финансии Поповски), а во другата би влегле бизнис-крилото на влашката група и банкарските босови.
-
Од проценките за политичката штетност на еден ваков судир ќе зависи дали тој ќе се отвори пред или по изборите - но веќе е сосема извесно дека раслојувањето на СДСМ ќе продолжи да се одвива по бизнис-шавовите што досега ги крепеше Бранко Црвенковски.

No comments:

Blog Archive

Site Meter