Search This Blog

Friday, April 28, 2006

Иснифарис Џемаили најпопуларен Албанец во МК

Чист сум, парите никому не ги давам

Опкружен со илјадници овци, петнаесетина овчари, десетици шарпланинци и со срдечна насмевка, вчера, завиткан со бело овчо крзно, вчера пречека група новинари најбогатиот и најпопуларен овчар во Македонија, Иснифарис Џемаили, кој од државата зеде 727.000 евра отштета.

Браво за Иснифари....Си ја знае работата.

Има желба да стане пратеник. „Директор“ е неговиот прекар во селото Камењане, па така го викаат и неговите четири сина.

Тој сега се чувствува како да е еден од најпознатите личности во Македонија. Дури планира да собере потписи од граѓаните и да се кандидира за пратеник. Вели не бил член на ниту една политичка партија, бил симпатизер на ДА, но се разочарал многу од нив.

Ќе се кандидирам како независен кандидат, ќе побарам Општина Центар да ми даде поддршка бидејќи сум жител таму. После тоа ако некој од коалициите смета дека со мене може многу да добие, нека дојде, ќе преговараме. Сум работел многу работи во животот, но ако кажам се, можам да ги изгубам изборите.

Десетина чаури испукани од хеликоптер вчера приложи Џемаили како доказ дека бачилата во 2001 година биле гранатирани од хеликоптери на АРМ. Тој вели дека има уште парчиња од гранати што ќе бидат доставени до надлежните институции како доказ за инцидентот.

Освен чаурите, Џемаили приложи и фотокопии од фотографии на кои се гледаат гранатираните бачила. Тој децидно демантира дека парите од отштетата се наменети за УЧК и дека некогаш од државата добил други пари за отштета.

Со никого не сум ги делел парите. Не сум ги делел ни со УЧК ниту УЧК ми го гранатирала бачилото. Не сум поткупувал судии. За процесот ангажирав тројца адвокати и тие ја водеа целата постапка. Дел од парите имам, дел инвестирав во недвижности. Ако се докаже дека сум ги добил парите неправилно, нека ми ги земат - вели Иснифарис Џемаили.

Со парите ги реновирал двете бачила на Шар Планина, за кои тврди дека му биле гранатирани, а дел од парите бил за куќа и за инвестиции во скопската Стара чаршија. Сопственикот на бачилото ги повикал државните институции да презентираат документи за случајот.

Иснифарис Џемаили рекол дека има околу 2.000 овци, неколку џипови и 15 овчари, кои примаат плата од по 500 евра.

Во иднина планира со парите да купи 11.000 овци и да направи едно големо бачило.

Иснифари и во песна раперска го опејаа....

Како и да е Иснифари барем парите ке ги вложи во нешто корисно. Па нека рачуна Владата дека направила добаро “Инвестиционо вложување“ со Иснифари...


Џемаили ќе ги врати парите ако му се досудени незаконски
Иснифарис ќе се кандидира за пратеник

No comments:

Blog Archive

Site Meter