Search This Blog

Sunday, April 23, 2006

Се навртува ли повторно водата на воденицата на МТ ??!!

ПРОПАДНА БИЗНИС ЗДЕЛКАТА ПОМЕЃУ "МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ" И "НЕОКОМ"

Оптичкиот кабел на Железницата оди на тендер

ДИРЕКТОРОТ НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА, МИЛЧО СМИЛЕВСКИ ВЧЕРА ИСПРАТИЛ ПИСМЕНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО "НЕОКОМ" ДЕКА ЕДНОСТРАНО ЌЕ ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ. "НЕОКОМ" ЌЕ БАРА ОТШТЕТА


Кабелот кој е грант од САД требаше да послужи за развој на мрежата на Железницата, односно за обезбедување на патните премини што се вкрстуваат со пругите. Со договорот, "Неоком" доби можност во наредните 15 години да користи четири оптички влакна од кабелот и обврска да монтира функционална опрема вредна 500.000 евра. Со оптичкиот кабел на Железницата можат да се нудат услуги во фиксната телефонија, како и Интернет.
САД донираше оптички кабел долг 280 километри, од кои, 130 треба да се стават под земја. Како што дознава "Вечер" под притисок на министерот за транспорт Џемали Мехази дел од кабелот деновиве ќе почне да се поставува под земја по должина на пругата од Скопје кон Гостивар за потребите на Штуловиот Универзитет. Поставувањето на воздушниот кабел е при крај.


No comments:

Blog Archive

Site Meter