Search This Blog

Monday, April 24, 2006

Христос воскресе, навистина воскресе

ВЕЛИГДЕН

Христос воскресе, навистина воскресе
-Со овој поздрав се поздравуваат православните христијани од Недела. Така се поздравуваат и по деновите на Велигден.
-
Помладите со радост се кршат со велигденски јајца, а мајките јајцата ги употребат во салата со марула.
-
Бабите и дедовците ги очекуваат најмладите од семејството први да им тропнат на врата, а целото семејство се собира на семеен ручек.
-
Луѓето се подготвуваат неколку недели за Великден, се пости и се „пости“, по дома се прават „генералки“, се подготвува софрата, се вапсуваат јајца...
-
И млади и стари в сабота навечер одат в црква, да го прослават воскресението на Исус Христос.
-
Оние што постеле изминатите денови, чекаат да се причестуваат
-
Во раните утрински часови на Велики четврток се вапсуваат јајцата и со тој чин почнува славењето на празникот.
-
Подзаборавениот обичај со „првакот“, првото вапсано јајце, да се погалат децата по обравчињата додека спијат за да бидат здрави и црвени како јајце.
-
Во последниве години Велигден е повод за масовни „журки“ околу црквите. Се разбира, „орото“ го водат младите
-
Велигден различно се прославува во двете поделени цркви.
-
Во Македонија, Србија и Црна Гора и во Русија овој празник се прославува по стариот Јулијански календар, додека останатите православни држави го прославуваат по новиот, Грегоријански календар.
-
Велигден секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела.
-
Постот за празникот почнува седум седмици пред самиот празник.Постот во православието е воздржување од мрсна и изобилна исхрана и од сите грешни задоволства, наслади и уживања. И самиот Исус Христос постел 40 дена пред да ја почне својата јавна проповед и да биде искушуван.
-
Претходниот ден е празникот Прочка (простување на гревовите) и овој празник секогаш го менува датумот во зависност од Велигден, но и тој секогаш се паѓа во ден недела.
-
Четириесет дена по Велигден е празникот Спасовден, па овој празник секогаш се паѓа во четврток.
-
Јајцето има повеќе значења од митски карактер. Тоа е симбол на обнова на животот, но поседува и магиски особини насочени кон здравјето и плодноста.
-
Црвената боја е боја на радоста и ја означува победата на животот над смртта.Помодарството да се вапсуваат јајца во други бои не е во духот на традицијата.
-
Православните верници на јајцата го испишуваат познатиот поздрав „Христос воскресе, навистина воскресе“. Симболите со зајак, пиле или друга живина имаат различни улоги во воскресенскиот циклус. Зајакот, на пример, ја симболизира и брзината со која во народот се пренела веста за воскресението на Исус Христос. Пилето и кокошката се симболи на плодност и означуваат вечен живот и траење.

No comments:

Blog Archive

Site Meter