Search This Blog

Friday, April 14, 2006

Циле го возвраќа ударот

Нападите нема да ја скријат вистината

-Пропагандното дејствување на центрите на моќ што се создадоа под закрилата најпрвин на Киро Глигоров како претседател на Република Македонија, а набргу и во комбинација на неговото дејствување заедно со Бранко Црвенковски како негов личен избраник да му го преземе местото на првиот македонски премиер, Никола Кљусев, беа и останаа сериозна закана за развојот на нашата демократија.

За да изградат пропаганден систем:
-
тие мораа да се определат против создавањето на демократските институции кај нас
-
да корумпираат голем број дејци,најпрвин во медиумската сфера, но потоа и во судството, обвинителството, економскиот и деловниот сектор, делови на нашата дипломатија и, особено, комуникациите со странските претставници.

Не можејќи сопствениот рејтинг да го градат врз позитивни постигања во полза на граѓаните, тие мораа да почнат да градат лажна слика за состојбите кај нас и за нивниот „непроценлив“ удел во остварувањето на македонските идеали.

Кумувајќи им на низа катастрофални одлуки, тие навлегоа во деструктивен перпетуум-мобиле на постојани лаги, узурпации на системот и манипулации со јавноста, доведувајќи не сите нас и земјата во драматично тешки животни, безбедносни, материјални и геополитички околности.



4 comments:

Photo Volan said...

* Најпрвин, тие се определија против економскиот развој на земјата за да им овозможат на припадниците на нивниот ексклузивен клуб да завладеат со економските потенцијали на Македонија.

* Транзицијата не ја третираа како сеопфатен процес што треба да им донесе просперитет на граѓаните, туку како шанса за создавање моќна властодржечка структура, која ќе раководи со државата на дискрециски начин.

* Ние живееме во длабока економска криза, а тие се перманентно на власт.

* Нивната пропагандна машинерија, меѓутоа, постојано произведува поинаква слика.
Така, на пример, јас што сум бил само една година потпретседател на македонската влада, сум дури поодговорен за состојбите кај нас.

* Но, вистината не може да биде друга освен дека Глигоров и Црвенковски, иако не само тие двајца, се најодговорните за катастрофалната економска ситуација кај нас.

* Нивната измислица - да не се развиваме за да владеат неприкосновено - е генератор на неколку крајно негативни тенденции што ја релативизираат издржливоста на земјата како суверен субјект на меѓународната заедница.

* Во прв ред станува збор за поделбата на народот, што ја слабее неговата национална компактност

* Да беше поделеноста на Македонците врз некакви длабоки идеолошки разлики, ќе можевме да разбереме дел од нашите проблеми.
Но, нашите делби не се врз никакви суштински основи.
Нашиот народ е поделен затоа што така сакаат политичките елити и властодршците од сите провениенции.

Овој катастрофален процес го почнаа Глигоров и Црвенковски мечтаејќи за вечна власт.

* И едните и другите,(СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) иако гласно зборуваат за единство на народот, со задоволство го делат за да ја зацврстат својата партиска и државна власт.

* оаза на мирот,
-која можеме слободно да ја бележиме по осиромашувањето на мнозинството граѓани,
-по криминалната приватизација и -енормната невработеност, по -слабеењето на македонската национална кауза, по
-загрозеноста на територијалниот интегритет.
-бесправна држава.

* Човек би морал да се запраша како овие луѓе опстојуваат на власт.
-одлични ученици на одличниот учител.
-манипулации со јавноста
-сум ја растурил Југославија ?
-им одговараше Југославија да се распадне, а мене ме прикажуваа како југословенски ориентиран.

* Подоцна, откако ги уништија развојните перспективи на земјата,
-пензионерите, на коишто им скусија 8 отсто од пензиите,
-владата во којашто јас бев потпретседател само една година им го врати одземеното,

* Нападите нема да ја скријат вистината. Тоа беше мотото на овие петнаесетина колумни.

* Многу повеќе сакам да се занимавам со иднината на земјата. Сеедно што може погрешно да се разбере, ете овојпат, без тоа стравување, сакам да констатирам дека се чувствувам способен да придонесам во менувањето на македонските реалности и во поуспешното решавање на македонските работи.

Ова беше поголем извод од колумната на Циле.

Anonymous said...

Volan, dali nekade Cile napisal STO TOJ NAPRAVIL VO ZIVOTOT. Uste smrdi na karanfilite koj kako najzasluzen mladinec (na trieset godini) mu gi nosese na Tito. Obucen dobro od A. administracija odlicno si ja odigra i svojata uloga vo raspadot na Jugoslavia. Vo Kosovskata kriza, go izmanipulira Makedonskiot narod, so tajvanskiata milijarda, za da se smeni vlasta i da se sluci Kosovo, koe denes kako bumerang ni se vraca. Ja opljackaa zaedno so negovite pajtasi (Danevski Sveti Nikole, Spirkovski Skopje, Cado Skopje i da ne gi redam drugite) za samo edna godina taa milijarda i malku povece.

Samo ova se negativnite raboti koi znam deka Cile gi napravil. E sega da me ubies pojma nemam koi se pozitivnite.

Ne sakam ova da go svatis deka gi branam Kiro i Branko. I za mene se tie najgolemite krivci za sostojbite vo Makedonija.

Ama najmalku povikan i najmalku pravo za toa ima da zboruva Cile.

Eden sovet za site:

KOGA VO MAKEDONIJA KE ZAMIRISA NA KARANFILI NESTO KRUPNO KE SE SLUCUVA. GOSPOD DA VE CUVA SITE.

Photo Volan said...

Види, ниту го бранам ниту го напаѓам.

За карафилите на Тито. Па што требаше да му направи на Тито - атентат. Во тоа време тоа беше едина опција, за политичка активност.

За распадот, зошто еднаш го кривите еднаш го фалите. Па нели на Македонија сега и е поарно. Своја на своето.

Еквидистанцирани сме подеднакво од сите.

Башка сме и Оаза на мирот...

За Тајванската милијарда, тоа беше “фина прича за народот“ - но во исто време поголем донатор од Тајван немавме од осамостојувањето - поготово не за така кратко време.

Косово е процес кој најмалку зависи од нас - но може многу скапо да не кошта...

Циле за мене ја пропушти историската шанса со третиот пат. Таква шанса веќе нема да има - затоа што не знаеше да води кадровска политика. Му завртеа грб најголемите пријатели со кои се дружи уште од детство...

Инаку како една од позитивни работи
што ги направи во нашава Македонија, е што имаше доблест да искочи од власта како што и вети по терање на две години во власта.

Но не му успеа превратот.

Пратениците лакоми за власт сите го напуштија. И со тоа се деси преседан - кој се повторува од тогаш навака. Пратениците ни се КАМЕЛЕОНИ.

Anonymous said...

Za karanfilite:

Cile bese pretsedatel na Socijalisticka mladina na Jugoslavia i koga zaboravi kako izgleda da bide mladinec.

Raspadot:

Cile da ne glasase kako sto glasase, Jugoslavia ke bese sega clen na EU

Za milijardata:

Celata prica bese da se promeni vlasta (koja ne dozvoluvase izbeglici vo Makedonija) i da si odat Obedineti nacii koj ja nadgleduvaa granicata. Kinezite normalno stavija veto i ON si otidoa, Taka prijatelite na Cile ja napravija farsata narecena Kosovo. Nema vrska milijardata so narodot. Taa sluzese kako nagrada za odenjeto na ON od granicata. inaku sekomu ke mu bese jasno deka potegot begalcite da se pratat vo maticnata zemja a ne da ostanat vo tudja e najrealen poteg.

Za sansata na Cile.

Samo edno da znaes Cile i samiot ne se gleda vo politikata. Negova zadaca si ostana da uleta koga ke treba po naracka na tie sto go placaat cel zivot. Ako bide vo vlasta za niv e beskorisen

Blog Archive

Site Meter