Search This Blog

Monday, June 05, 2006

Св. Константин и Елена трет дел

Еве за кој се пишувал за Св. Константин и Елена. Најпрвин благодарност за Најди.

1 Св. Константин и Елена Датум: 2006-06-03 од arheo.blog.com.mk

...На местото од денешен ГТЦ и денеска можат да се видат темелите....

2 Од Перивлепта до Челница Датум: 2006-05-04 од istoricar.blog.com.mk

... Една охридска легенда вели дека во средновековниот Охрид имало 365 цркви и параклиси...

....Во непосредна близина на Богородица Перивлепта, во истиот двор, на околу 30-тина метри во правец на училиштето, се наоѓа малата црквичка Св. Константин и Елена...

3 Св. Константин и Елена Датум: 2006-06-03 од volanskopje blog

...Сите цркви по Скопје и воопшто сите свети места по Скопје и Македонијата ни изобилуваат со мистика. Секое мистично место си има своја приказна...

4 Светите Константин и Елена низ призмата на Миланскиот едикт Датум: 2006-06-02 од istoricar.blog.com.mk

Од Историчар и Кибицер се инспирираа моите написи за Св.Константин и Елена.

....Православните цркви кои сеуште времето го сметаат според јулијанскиот календар, утре (03.06) го слават празникот посветен на рамноапостолите, царот Константин и неговата мајка Елена....

... Затоа во науката постои неподелено мислење дека Константин Велики е првиот римски император кој го признал христијанството за рамноправна религија во Империјата....

6 Изгрејсонцето на империјата Датум: 2006-04-14 од vizantija.blog.com.mk

Во негова чест (Св. Цар Константин) градот (го прогласува Византион, градот на Босфорот) е прекрстен во Константинопол и тоа име го носи се до освојувањето од страна на Турците 29 мај 1453 година...

7 Св. Константин и Елена - втор пост Датум: 2006-06-04 volanskopje.blog.com.mk

... Еве успеав да пронајдам од мојата архива една слика каде може да се види црквата св.Константин и Елена....

9 Верување и умеење - пресек на вредното зографско богатство Датум: 2004-05-27 Utrinski

...Презентирани се и икони и делови од иконостаси од скопски цркви кои веќе не постојат, како на пр: "Св. Константин и Елена", "Св Мина",...

10 Се обнови споменот што никогаш не згасна Датум: 2005-11-29 од Dnevnik

... Во различни временски периоди тие работаат одделно и заеднички. (најдобрата градителска тајфа – Рензовци) Точно се знае и што тие изградиле - скопските цркви "Св. Богородица", "Св. Димитрија", "Св. Елена и Константин", "Св. Никола" во Крушево, "Св. Пантелејмон" во Велес....

13 Комуната не спои Датум: 2004-12-01 од Vecher

... Како врв на активностите за оживување на литургија на влашки јазик е онаа во црквата "Св. Константин и Елена" во Битола во 2003 година...

16 Зошто висок крст на Водно Датум: 2000-05-27 од Dnevnik

... Јас сум роден во Скопје и како дете паметам дека моите родители ме воделе на "уранак" кај некои црквичиња или во позната црква "Св. Константин и Елена".....

18 Гозба во 3.000 рачно изработени чинии Датум: 2005-07-29 од Dnevnik

... Под црквата Богородица се гради уште едно црквиче посветено на св. Константин и Елена. Нејзиниот ктитор е Гоце Лолески. Зад оваа црква има извор на вода за која сите велат дека е лековита....

19 И Власите скокаа по светиот крст Датум: 2003-01-30 од Dnevnik

... Власите од Битола прв пат фрлија свет крст во опеаните води во дворот на влашката црква "Св. Константин и Елена" на празникот Богојавление-Водици...

21 Блаце успеа да ја победи миграцијата Датум: 2005-04-18 од Utrinski

... Блаце е опколено и со неколку други цркви и манастири посветени на св. Недела, св. петка, св. Константин и Елена и в. Ѓорѓија....

22 Ограбениуште две цркви Датум: 2003-04-05 од Dnevnik

...и влашката православна црква "Св. Константин и Елена" во населбата Стара Болница во овој град. (Битола)...

23 ЗАЕДНИЧКА БОГОСЛУЖБА ВО БИТОЛА Датум: 2003-06-04 од Dnevnik

... Како што мојата држава Република Бугарија прва ја призна Република Македонија, така очекувам и нашата Бугарска православна црква да ја признае вашата Македонска православна црква. Затоа бидете уште малку трпеливи, зашто и Господ е со вас - рече бугарскиот владика, г. Калиник, на вчерашната богослужба во храмот "Св. Константин и Елена" во Битола....

24 Следи го своето срце и ќе бидеш богато награден Датум: 2004-07-31 од Utrinski

...одејќи во балетското училиште кое се наоѓаше во центарот на градот, зад црквата ? Св. Елена и Константин....

28 За Скопје, со малку носталгија Датум: 2005-07-25 од Dnevnik

...Со Трговскиот центар, ги заробија првите кули во Скопје, чиниш немало место, па се стопиле еден во друг. Но затоа ја сотреа црквата "Св. Константин и Елена", а нашата мила и драга МПЦ не најде за згодно да направи барем еден мал параклис, нишан каде била црквата, во која многу скопјани се крстени и венчавани.....

30 Градот — сон и реалност Датум: 2001-08-01 од Dnevnik

...Во кризни времиња, во времиња на турбуленции и катастрофи, градот секогаш повторно се јавува во нас како сон: се враќаат исчезнатите слики, улици, скверови, старите објекти, маала, дрвореди, драги личности....

...Незаборавни слики од крштевките во црквата "Константин и Елена", свечен ритуал, свештени лица, многу роднини, величествените велигденски обичаи во храмот "Св. Димитрија". Во вечерните часови не може да се влезе во претесниот двор на црквата, во кругот на столетниот чинар...

31 православен календар Датум: 2002-06-03 од Dnevnik

...Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан, управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот "Милански едикт", со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската Империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, особено во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена...

35 130 години од Разловечкото востание Датум: 2006-05-13 од Utrinski

...Водачи на востанието биле Димитар Беровски од Берово и неговиот дедо поп Стојан Разловечки, свештеник во селската црква "Св. цар Константин и царица Елена°, кој фактички бил вистинскиот организатор и душа на востанието на теренот. Тој иако имал 75 години...

36 Популарноста на Скопскиот кеј Датум: 2005-08-06 од Vreme

... Скопскиот кеј, препознатливост и симбол на градот, се оформил кон крајот на деветнаесеттиот век. Тогаш, во 1896/7 година...

... Тука се клучните препознатливости на градот - Народната банка, Офицерскиот дом, Камениот мост. Во тоа време се засадуваат и познатите дрвореди со липи и костени, а тука е и дел од скопското корзо. Во близината се наоѓаа Балетското училиште, училиштето „Иво Лола Рибар“, Педагошката академија, црквата „Св. Константин и Елена“, повеќе стари стилизирани индивидуални куќи...

42 Црква Св. Константин и Елена..слики Датум: 2006-06-04 од macedoniancivilization.blog.com.mk

Одлична галерија на слики на кои се гледа местоположбата на црквата св. Константин и Елена....

3 comments:

Anonymous said...

Nice! Where you get this guestbook? I want the same script.. Awesome content. thankyou.
»

Anonymous said...

Your site is on top of my favourites - Great work I like it.
»

Anonymous said...

Delete shis text plz. Sorry

Blog Archive

Site Meter