Во една дебела книга што ја имам дома уште од студентски денови и ретко ја употребувам а се вика ЕКОНОМСКИ ЛЕКСИКОН – Издание на Савремена администрација Београд 1975 година, поимот:
СЛОБОДНИ ЦАРИНСКИ ПРИСТАНИШТА, ЗОНИ, ЛУКИ на 1245 страна од книгата се опишува вака:
... Независно од локацијата, слободна царинска лука, во најширока смисла на поимот , се состои од одреден простор во кој стоката не подлега на царинските формалности ниту царинските прописи.
Овој простор се наоѓа под политичко владение на земјата домаќин но е ограден (одделен) од домашната царинска територија.
Влезот во слободното царинско пристаниште го контролираат царинските органи.
Странската стока внесена во слободната царинска зона може да боде вскладиштена, препродадена, изложена или доработена, со тоа што при повторениот извоз (во други земји) не подлегнува на царините на земјата домаќин.
Од гледиште на Трговците Слободна царинска зона е неутрално, денационализирано, екстериторијално земјиште – во кое пристап имаат сите бродови без обзир на националноста и целата стока, без разлика на потеклото.
Кога стоката ке ја напушти царинската зона поради вклучување во промет на земјата домаќин, таа се подвргнува на царински преглед и подлегнува на плаќање на царина.
Слободните царински и надворешно трговски зони (назив кој се употребува во САД) во САД се разликува од Слободните царински приштаништа во Европа, воглавно само по називот.
Најзначајни слободни царински пристаништа во Европа се во Хамбург, Бремен, Гетеборг, Емдем, Стокхолм, Копенхаген и Малме.
Слободна царинска зона може да постои и во Аеродромите. Уште во 1947 годинса Слободна царинска зона е отворена на меѓународниот ајродром воШанон во Ирската Република.
1 comment:
Greets to the webmaster of this wonderful site. Keep working. Thank you.
»
Post a Comment