Search This Blog

Thursday, June 15, 2006

Славомакедонија – Славомакедонци

Ова е континуиран предлог на Грчката надворешна политика уште во времето на распадот на Југославија.

Цела Грчка дипломатија работи на оваа идеја. Сето ова можеме да го прочитаме од Грилакис.

На почетокот на 90-тите години во Скопје се преговарало за брзо решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, за кое, како што се залагал тогашниот конзервативен грчки премиер Константин Мицотакис, требало да се промени во Славомакедонија.

Повикувајќи се на документи и сведоштва, ова го тврди поранешниот советник за безбедност на Мицотакис, демобилизираниот грчки генерал Никос Грилакис, во книгата „Откривам“, чии делови објави атинскиот весник „То вима“.

Грчкиот генерал Грилакис, кој учествувал во преговорите, пишува дека тие се воделе во времето на тогашниот потпретседател на македонската влада Јован Андонов. Грилакис, обучуван во САД и во Израел за специјалист за шпионажа и контрашпионажа, за предлогот во Скопје не разговарал само со претставници на владата, туку и со раководствата на сите христијански политички партии, кои тогаш се согласиле со решавањето на спорот со називот Славомакедонија.

Ова решение пропаднало бидејќи Мицотакис не добил поддршка во Грција (падна владата на Мицотакис), а се спротивставил и американскиот посредник во решавањето на прашањето за името Сајрус Венс, бидејќи Стејт Департментот планирал претворање на ФИРОМ (Македонија) во американски протекторат, што и се случи, пишува Грилакис во својата книга „Откривам“.



Информациите поврзани за пазарот „Славомакедонија“ ги потврди и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, соопштувајќи дека Пасок по 1993 година го користел генералот Грилакис за контакти во Македонија.

Сево ова било во координација и со Милошевиќ. Интересно е тоа што Грилакис работел од името на Мицотакис и тајно престојувал во Македонија во неколку наврата. Дури се работело на предлог по распаѓањето на Југославија, ако Македонија се сложи да го смени името во Славомакедонија да се направи Федерација или Конфедерација со Грција и на таков начин да се вклучи Македонија и Европа.

Сето ова се правело од Грчка страна за да се спречи идејата на Албанија за јакнење на нејзините претензии за територии во кои живеат Албанци и остварување на некоја големоалбанска идеја како што е сегашната АЛМАКОС.

Зошто целава оваа идеја на Грилакис е пропадната – кој ја смета Македонија за втора татковина (има изјавено во една прилика така), одговор ке даде историјата – но за тоа ке мора да почекаме уште николку десетуци години кога ке бидат документите за преговорите слободни за историско истражување.

Името на Грилакис се поврзува и со неговиот таен повеќемесечен престој во Македонија, по падот на владата на Мицотакис. Тогаш Фрчковски без одобрение на Глигоров – го прима Грилакис во Македонија....

Со Грилакис се поврзува и аферата со куферчето полно со пари, кое го носел со себе и требало да го даде на политичарот кој ке сврши работа за името Славомакедонија и за разноразни други подароци кои ги нудел на Македонските авторитети.

Дека се работи за континуитет на Грчката дипломатија на оваа идеја сведочи и денешниот напис во Дневник. Грчкиот издавач не' претстави како славомакедонци.

No comments:

Blog Archive

Site Meter