Search This Blog

Saturday, June 24, 2006

Славомакедонија Славомакедонци - Хавиер Солана

Во вчерашниот мој пост: Славомакедонија Славомакедонци (четврт дел)“ во еден од коментарите реагирав на изјавата на Солана, дадена во интервју за Дневник а пренесена во вчерашниот напис на Дневник “Солана разочаран од Славомакедонците“.

Во коментарите на тој пост реагирав со следните зборови:

Нашиот голем “пријател“ Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана (“миротворецот Македонаки“)- ја користи приликата во Интеррвјуто за Дневник - да не ослови со терминот Славомакедонци. Линк види тука.

Дали Грчката дипломатија “поработела“ малку и со Хавиер Солана...или за тоа се погрижило евентуално моќното Албанско лоби ... се во исчекување на скорото решавање на Косовското прашање...

Дали е случајно што во овој момет Солана така не нарекува... ке покажат деновите што одат. И што ке стори нашата дипломатија да му појасни на Солана кое е нашето име....

Вчера истотака во еден од моите коментари во друг мој пост се запрашав “..Да не е грешка во превод ?!..“ и таму додадов и “..А дека сум против неговиота “неспретна изјава“ со која го менува името на нашата нација веќе се изјаснив и истовремено се прашав што може да се крие позади таквото мислење на Солана...“

Навистина наискрајно го чекав денешниот Дневник да го прочитам целото Интервју на Солана. И морам да кажам дека се изненадив на брзото менување на неоспорно кажаното. Дневник не би си дозволил да пренесе погрешни зборови на Солана.

Впрочем прочитајте го и сами денешното Интервју на Солана во Дневник . Линк тука.

На крајот на Интервјуто има ќе го најдете следното:

„Славомакедонци“ поради техничка грешка

„Дневник“ во вчерашниот број го најави интервјуто со Хавиер Солана во кое тој рече дека е разочаран што некои славомакедонски политички актери ги злоупотребуваат инцидентите. Ваквата изјава предизвика лавина реакции во Македонија.

Вчера портпаролката на Солана, Кристина Галак, ни испрати појаснување во врска со оваа навредлива терминологија:

Македонците добро знаат дека ние никогаш не сме го употребувале терминот Славомакедонци и тоа сме го докажале повеќепати во интервјуата и за време на посетите на Македонија. Терминот Славомакедонци употребен во вчерашната најава на интервјуто е ненамерна грешка, која е исправена. Она што сега е значајно е нашата порака до земјата во врска со изборите, кои се многу важни за нејзината европска иднина“.

Е се прашувам сега јас кој ја направи ненамерната грешка.??!

По мое скромно мислење таа грешка “ненамерно“ ја направил самиот Солана, кој откако сфатил што глупост кажал - побрзал преку својот портпарол да ја исправи грешката. Но штетата е веќе направена. И Солана уште долго ке треба да се правда за овој ГАФ.

Инаку ме интересира која политичка партија или поединец во Македонија реагираше за ова. Вчера рано заспав и не слушнав ни една изјава....Ако знае некој од Вас нека ми пренесе тука.

No comments:

Blog Archive

Site Meter