“..ме чуди последниве години оваа хајка за куќата на Робин Xуд, кога и самите Англичани знаат дека е тоа измислен лик. Од народниот бит. Потоа предимензиониран со карактеристиките, нешто како Крале Марко. Само што за разлика од него, нашиот Марко постоел вистински..“
Оваа мисла ја искористив да реплицирам таму а еве и тука во овој пост.
Просто е. Куќата ја бараат за да кога ке “ја најдат“, од тоа место напраават туристичка атракција и место каде милиони луѓе годишно ке доаѓаат да се поклонат на Робин Худ. Има ли некој на светот што не знае кој е Робин Худ.
Правење на Културни брендови е неопходо за развој на туристичката понуда. За тоа зборував во моите постови:
“Скупи, Стоби, Хераклеја“
“Јустинијан Први - Македонски бренд“
И да не постојат - мора да ги измислиме Брендовите, како што тоа го прават Англичаните. Велиш Робин Худ е митолошки лик - но еве Англичаните “ја наоѓаат“ куќата на Робин Худ.
Во твојот пост ,Да го направиме Охрид некрополa"
и во еден друг пост На Ментална онанија - “Бучко за мајка Терза“
се критикува Премиерот што поради незнаење - предлага на некој начин да се искористи Светскиот бренд на името на Мајка Тереза - која случајно е родена во Скопје.(тука никако не сакам никој да ме свати дека сум му портпарол на Премиерот)
Е сега не треба да го рушиме Трговскиот центар - како што велиш ти во својот пост од погоре за да се изгради куќата на Мајка Тереза - Но во некоја близина на местото - на погодна локација на централното подрачје - да речеме местото на Старата Народна банка (спорниот локалитет доделен на семејството Камчеви) и те како може да се изгради куќата на Мајка Тереза - во склоп со некоја помала димензија на црквата св. Константин и Елена. И така црквата бара враќање на земјиштето на кое се наоѓала црквата.
Таков Бренд на име какво што е Мајка Тереза Скопје не смее да си дозволи да не го користи.
Бидејки го Спомна и Крале Марко. Кажи ми те молам што во поново време имаме направено за реафирмација на Брендот на Крале Марко.
Или сеедно зошто се срамиме од Бренд имињата на Средниот век - кои се директно врзани за Скопје.
Брендовите на Кралот Милутин кој прв од Скопје направил свое седиште - во склоп со Приштина. Или неговиот внук Царот Душан Силни - кој во Скопје е крунисан за цар и Скопје му било седиште на големото царство.
Затоа и промоцијата Кастиот Хаџиреџа искрајно не ми смета, напротив сметам и тоа е бренд име на Македонската историја и треба да има место во Скопје или уште подобро во своето родно место каде иделопоклониците ке можат да му се поклонат.
Да не зборуваме дека е неискористено бренд името на Кемал Ататурк - кој е роден нели во Битолско. Колку луѓе ке дојдат од пријателска Турција да не посетат за да се поклонат на родната куќа на Кемал Ататурк.
Тука е секако и Јустинијан Први - како Бренд име - за кое зборував во погоре цитираниот пост.
Или Гробот на бугарскиот цар Михаил Шишман трети - кој се наоѓе во преубавата црква во Старо Нагоричане.
Значи ние не треба да ги измислуваме брендовите на Македонската историја - тие постојат и оставиле траги во историјата - Треба само да ги искористиме овие и стотица други брендови за да направиме моќна туристичка Бренд понуда а со тоа да направиме и пријателски расположени соседни земји према нас (сите соседни земји на нашата територија имаат свои Бренд имиња).
Се сеќавате колку пари пред некој ден даде италијанската влада за промоција на трите локалитети кои се поврзани со Римската култура и цивилизација - а кои се наоѓаат во Македонија Стоби, Скупи и Хераклеја)
Сигурно во постов заборавив да ги наведам сите Бренд имиња. Но тоа не ми беше целта. Целта ми е дека секој кој има некаво историско значение (а за него може да се каже дека е препознатлив Бренд) и е докажано дека во своето делување поминал или владеел со овие територии - треба да си го добие вистинското место во нашата Бренд понуда. Со сите огради од историските импликации кои некои имиња ги носат со себе.
No comments:
Post a Comment