Search This Blog

Monday, June 26, 2006

Португалија мој фаворит

Од секогаш ми биле симпатични Бразилците а богами и Бразилките како навивачки.:). Тие и сега по мене се најголем фаворит. Но на ова првенство сеуште немаа шанса да се искажат со своите квалитети.

Мој фаворит од сенка и симпатии за досегашната игра ги имаат фудбалерите и тренерот на Португалија.

Уште од првиот настап на Португалија се виде една новина во нивната игра. Компакност и желба за успех. Иако в сите екипи супер звездите повеќе мислеа за своите нозе одколку за успехот на репрезентацијата – во случајот на Портгалија звездите играаат со полн капацитет на своите можности. Се виде како еден Роналдињо плаче – одкако веќе не можеше да допринесува за својата репрезентација по грубиот ѓон што го доби уште на почетокот на натпреварот.

Да не заборавиме Португалија несреќно загуби во финалето на минатото Европско првенство.

Ако некој ги спречи во поход кон тронот на ова првенство Португалците, тоа ке биде сигурно судијата од последниот натпревар со Холандија. Го преполови тимот на Португалците. Непотребно му даде втор жолт картон на Деко. А делеше картони како луд. Ја упропаст целата игра. А на лалињата не можам да им простам за тоа што неџентлеменски појдоа во напад, наместо да ја вратат џентелменски топката на противникот – по прекинод заради повредата на еден играч, опката топката беше во нозете на Деко и тој со неа одеше во правец на голот на Холандезите....

Инаку до сега највеќе покажаа Германците.

No comments:

Blog Archive

Site Meter